19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе промени ФЕД со првото покачување на каматните стапки?

Што ќе промени ФЕД со првото покачување на каматните стапки?

fed

Најочекуваната недела за оваа финансиска година конечно дојде – седмицата во која ФЕД се очекува да го направи првото покачување на каматните стапки по девет години.

Што сепак ќе се промени со ова дејство?

Откако ФЕД ја држи каматната стапка при рекордни ниски нивоа со идејата корисниците да ги зголемат трошоците и така да се стимулира американската економија, сега се очекува да бидат испратени неколку пораки на пазарот, откако стапката ќе биде подигната.

Состојбата на пазарот на труд се подобрува

Од последната средба на ФЕД во октомври податоците за пазарот на трудот регистрираа суштинско подобрување. Во ноември беа создадени 255.000 нови работни места, што се покажа далеку над очекувањата. Покачување на каматите би влијаело овој тренд да ги зацврсти добрите очекувања и за следните месеци. ФЕД најверојатно ќе каже дека „пазарот на труд се подобрува“ наместо да го користи зборот „одложување“.

Промена на инфлациските очекувања

Експерти од американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ сметаат дека ФЕД ќе ги отстрани коментарите за лошото претставување на инфлацијата во своето обраќање. Од банката предвидуваат дека во наредните месеци, ќе бидат сведоци на зголемување на основниот индекс на потрошувачките цени, откако падот на цените во здравствениот сектор веќе излезе од равенката. Можно е ФЕД да почне да зборува за „првите знаци за инфлација“.

Одредување на идните очекувања за зголемување на каматните стапки

Фокусот на пазарот однадвор за првото покачување на каматите ќе е какви се плановите на ФЕД за неговата идна политика во однос на каматните стапки. Во таа насока, инвеститорите и аналитичарите ќе го следат секој збор и секој знак за тоа колку стрмно ќе се зголемуваат каматите догодина. За да не падне во стапицата на зборовите, сепак, од ФЕД можат да се откажат од терминот „тивките“ во однос на идното зголемување на каматите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП