1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ќе работи со Huawei на следниот Nexus?

Google ќе работи со Huawei на следниот Nexus?

neski 33

Во оваа година американската компанија „Google“ за првпат избра да соработуваат со кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ за производство на моделот „Nexus 6P“.

Според новите гласини, двете компании ќе продолжат со заедничката работа по моделот „Google Nexus 6“ (2016). Според изданието „Gizmo China“, наследникот на актуелниот „Google Nexus 6P“ ќе се произведува повторно од „Huawei“.

Очекувањата се тој да е придвижуван од новиот чип „Snapdragon 820“ на „Qualcomm“. Новиот чип ќе се најде во над 70 нови модели во текот на следната година, според податоците на американскиот производител „Qualcomm“. Еден од нив се очекува да е и моделот „Nexus 6“ (2016).

Многу е можно новиот „Nexus 6“ да пристигне со новиот оперативен систем „Аndroid N“. Една од неговите нови можности ќе е поделбата на екранот. Учеството на „Huawei“ во проектот на „Google“ со моделот „Nexus 6P“ оваа година и помогна на компанијата да влезе пошироко на пазарите во САД и Европа, каде се уште е релативно слабо претставена.

Имаше шпекулации дека најновиот уред на „Huawei“ – од подмарката „Honor“, моделот „Honor Play 5X“, ќе биде претставен за време на саемот во Лас Вегас на почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП