29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИСЛАМСКА ДРЖАВА: Најбогата терористичка организација

ИСЛАМСКА ДРЖАВА: Најбогата терористичка организација

isis

Исламската држава е најбогатата терористичка организација во историјата на човештвото, каде под нејзина контрола експлоатира природни ресурси и го оданочува населението, тврдат експертите.

Проценките се дека лидерите на ИСИС располагаат со околу две милијарди долари, што е повеќе пари отколку што Ирска вложува во својата армија. Џихадистите на ИСИС брутално напаѓаат и кога ќе ги земат под контрола териториите каде веќе ја контролираат пола Сирија и една третина од Ирак, тие ги експлоатираат ресурсите и го оданочуваат населението.

За разлика од Ал Каеда, Исламска држава не е лабава мрежа, туку функционира многу слично како вистинска држава, само со терористичка конотација. На чело на Исламска држава е самопрогласениот калиф Абу Бакр ал-Багдади, роден во Самари, кој пред Исламска држава ја водеше Ал Каеда во Ирак.

Со него е “кабинет” од искусни воени офицери, кои наголем процент се од редовите на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Под “кабинетот” се околу 1,000 средни и високи команданти. ИСИС вешто ја користи интернет мрежата и социјалните мрежи за да ги објави акциите и заканите, како и да регрутира нови борци.

Пари заработуваат со ограбување на банки и нафтени полиња, криумчарење на црно злато и украдени антиквитети, киднапирање и откуп, наметнување на даноци во областите каде што ги контролираат.

Нафтата им носи околу два милиони евра дневно. Најголемиот дел од црното злато го шверцуваат преку границите со Турција. Околу пет милиони евра приходуваат од ограбување на компании и киднапирање. За една глава бараат околу три милиони евра, но некогаш, како во случајот со американскиот новинар Џејмс Фоли, бројката надмина 80 милиони евра.

Луѓето кои живеат во областите контролирани од ИСИС мораат да плаќаат на џихадистите од 5 до 15 отсто од приходите. Покрај тоа има и посебен “данок за немуслимани”.

Рускиот претседател Валидмир Путин тврди дека ИСИС се финансисра дури од 40 земји во светот, вклучувајки и некој од најразвиените. Финансиските трансакции не одат преку вообичаените банкарски сметки, туку преку паралелен систем изграден по арапски принцип “хавала” кој потекнува уште од номадските времиња, кој се базира на доверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП