25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСопственикот на Saab се враќа со 5 модели

Сопственикот на Saab се враќа со 5 модели

saab bank

Шведско-кинескиот конзорциум „NEVS“, кој е сопственик на компанијата „Saab“, ги откри најновите планови. Според нив ќе бидат претставени 5 нови модели, вклучувајќи и 3 кросовери. Ова го соопшти претседателот на „NEVS“ Матијас Бергман.

Според зборовите на Бергман, концернот ќе инвестира неколку милијарди круни во развојот на „Saab“. Оваа сума ќе биде потрошена за заживување на еден од најголемите индустриски проекти во Шведска, кој вклучува рестартирање на производството во фабриката во Тролхетан и вработување на работници.

Првично во фабриката ќе се прават само каросерии кои ќе бидат испратени во кинескиот град Тјанцзин. Таму ќе бидат произведени самите автомобили. Во прво време тие ќе се продаваат само во Кина, а од 2017-ма година ќе започне и нивната понуда во Шведска.

novi saab 444

Три од новите модели ќе бидат кросовери – средноразмерен, урбан и спортски. Тие ќе бидат изградени на платформата, користена од „Saab“ за проектот „Phoenix“, кој шведскиот производител успеа да го заврши пред да банкротира во 2011-та година.

Пред теренеците ќе биде пуштен електричен седан врз основа на „Saab 9-3“. Слична машина со агрегат со моќност од 140 КС беше прикажана во 2014-та година, но не дојде до нејзиното сериско производство.

Се уште не е јасно во каква марка ќе бидат понудени новите автомобили. Во моментов „NEVS“ се уште не успеал да се здобие со правата за користење на брендот „Saab“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП