2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој втор во ЕУ пазарува преку интернет (фото)

Секој втор во ЕУ пазарува преку интернет (фото)

online-banking-advantages

Уделот на луѓето на возраст од 16 до 74 години во Европската унија (ЕУ), кои купуваат стоки или услуги за лична употреба преку интернет расте со стабилно темпо, кој е зголемен од 30% во 2007-ма година до 53% во 2015-та година , покажуваат податоците на „Еurostat“.

e soping 334

Меѓу интернет корисниците во ЕУ кои не купувале онлајн во оваа година, 75% од нив изјавиле дека претпочитаат да купуваат на лице место, а 27% се загрижени за безбедноста на плаќањата и заштитата на личните податоци.

e soping 337

Повеќето од т.н. „E-купувачи“ во ЕУ се задоволни од онлајн купувањето – 70% велат дека не се соочиле со проблеми при нарачка. Најмногу преку интернет купуваат облека и спортска стока (велат 60% од „e-купувачите“), а зад нив се туристичките патувања и хотелско сместување (52%), како и од стоките за дома и играчки (41%).

e soping 336

Во 2015-та година процентот на луѓето кои купувале онлајн, е највисок во Велика Британија (81%), Данска (79%), Луксембург (78%), Германија (73%), Холандија, Финска и Шведска (сите 71%). Овој удел најнизок е во Романија (11%), Бугарија (18%), Кипар (23%) и Италија (26%). Генерално во половина од земјите членки учеството на „е-купувачи“ е над 50%.

e soping 333

Онлајн шопингот е далеку помалку популарен меѓу постарите (25% од луѓето на возраст меѓу 65 и 74 години купувале преку интернет во 2015-та година) во споредба со помладите (66% од оние на возраст од 16 до 24 години и 70% од луѓето помеѓу 25 и 34 години).

e soping 335

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП