5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ќе инвестира 4,5 милијарди долари во електрични возила до 2020-та

Ford ќе инвестира 4,5 милијарди долари во електрични возила до 2020-та

ford plug 33

„Ford Motor“ ќе инвестира 4,5 милијарди долари во електрични автомобили до 2020-та година, соопшти „Bloomberg“. Мерката на компанијата е одговор на притисокот од страна на регулаторите да се залагаат на технологии за кои во моментов се соочуваат со потешкотии да привлечат купувачи во САД, додека цените на горивата остануваат ниски.

„Ford“ ќе се развие 13 модели на електрични и хибридни возила, а уделот на овие модели ќе скокне од сегашните 13% , до 40 отсто. Плановите вклучуваат и производство на нов „Ford Focus“, кој ќе се полни побрзо и ќе трае подолго време, наведува главниот извршен директор Марк Филдс.

„Се повеќе компании ќе инвестираат во електрични возила, бидејќи во моментов има многу строги стандарди за емисиите во 2025-та година. Начинот да се постигне ова е електрифицирање. Ова е значајна инвестиција, но е патот по кој индустријата ќе се движи напред“, вели Мишел Кребс, главен аналитичар во „AutoTrader.com“.

Плановите на „Ford“ доаѓаат во време кога ниските цени на горивото во САД ја притискаат продажбата на такви модели. Во ноември продажбата на хибридите „C-Max“, „Fusion“ и „Lincoln MKZ“ се намали за 25% до 59.301 примероци, според податоците на „Autodata Corp.“. Продажбата на „Prius“ на „Toyota“ се намали за 12%, а кај „Volt“ на „Toyota“ има 23 отсто пад во продажбата.

„Се разбира, ниските цени на горивата не помагаат за продажба на електричните. Мора да вложиме напори да ги информираме и образуваме клиентите за предностите, не само на електричните и хибридите, но и за хибриди, кои можат да се полнат од мрежата (plug-in)“, вели Раџ Наир, директор на Одделението за развој на производи во „Ford“.

Според извршниот директор Марк Филдс токму последниот вид хибриди ќе е најбрзо растечкиот тип на електрични возила.

Компанијата очекува да го добие истиот поврат на инвестицијата во вакви модели, каков ќе добие и од автомобилите на гориво.

„Тоа е нашата намера. Постојат многу промени, многу ќе зависи од регулациите, како и од ситуацијата кај горивата“, вели Наир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП