22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗапознајте се со смартфонот со најголема батерија во светот

Запознајте се со смартфонот со најголема батерија во светот

golema baterija

Битката кај производителите на смартфони се почесто поминува на фронтот на батериите.

Причината – во услови на брз развој кај останатите хардверски елементи, батериите на смартфоните заостануваат значително во својот напредок.

Сегашните батерии се среќаваат со уште поголеми потешкотии за да се справат со растечките потреби од енергија на големите екрани со висока резолуција и чиповите. За да се справат со овој проблем, наскоро од „Apple“ претставија нова торбичка, која, иако навидум малку чудна, го продолжува животот на уредот близу двапати.

Новите модели „DROID“ на „Motorola“ се рекламираат со траење на батеријата до два дена, благодарение на батеријата која е од 3.760 mAh.

golema baterija 11

Сега се поставува поставува прашањето: „Кој е смартфонот со најголема батерија во светот?“.

Излегува дека тоа е не особено популарниот кинески модел „OUKITEL K10000“. Тој располага со батерија со капацитет од 10.000 mAh, или со 270% повеќе во споредба со моделот „DROID Turbo 2“ на „Motorola“.

Моделот е со цена од 239.99 долари, а веќе може да се нарача онлајн. Во однос на останатите технички карактеристики, тој не се одликува со нешто фасцинантно, така што располага со 5.5-инчен екран со резолуција од 720 пиксели, 13 мегапиксели задна и 5 мегапикселна предна камера. Уредот исто така може да се користи како полнач на други уреди и може целосно да наполни три „iPhone“ смартфони со целосно празна батерија, според изданието „Gadgets.NDTV.com“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП