2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го потврди електричниот кросовер

BMW го потврди електричниот кросовер

elek bmw

„BMW“ е во финална фаза од развојот на нов електричен модел. За „AutoExpress“ еден од врвните менаџери на производителот – Иан Робертсон, изјави дека тоа ќе биде кросовер со името „i5“. Досега се сметаше дека баварците работат на седан врз основа на „Series 5“.

Се уште нема точни информации кога ќе биде подготвен автомобилот, но се знае дека сериската верзија ќе се составува во фабриката во Спартенберг (САД). Таму се произведуваат кросоверите „X3“, „X4“, „X5“ и „X6“. Како главен конкурент на „BMW i5“ се покажува неодамна најавениот „Tesla Model X“.

elek bmw1

Робертсон откри дека каросеријата на машината ќе биде од јаглеродни влакна, додека пак со едно полнење возилото ќе може да мине околу 320 километри. Токму зголемувањето на километражата е главната задача на која се фокусирале инженерите на „BMW“. Причината е дека „Model X“ може да помине околу 470 километри со едно полнење.

Меѓутоа, баварците сметаат дека ќе можат да ги свртат работите во своја полза со помош на новите литиум-кислородни батерии кои ќе можат да ги решат проблемите со малото зачувување на енергијата кај електричните модели. Освен тоа, во „BMW“ работат и врз изработката на нов вид на станици за полнење за слични машини, кои ќе можат да ги полнат електричните возила до 90% за помалку од 2 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП