18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba Group може да потроши до 38 милијарди долари за трансакции во...

Alibaba Group може да потроши до 38 милијарди долари за трансакции во 2016-та година

grup alibabab 33

Кинескиот гигант во областа на електронската трговија „Alibaba Group Holding“ може да потроши 38 милијарди долари за трансакции во текот на следната година, за да ги совлада своите конкуренти „Baidu“ и „Tencent Holdings“ на кинескиот интернет пазар на кој конкуренцијата е огромна, велат аналитичарите од „BNP Pariba“ цитирани од „Bloomberg“.

Тие сметаат дека капацитетот на „Alibaba“ за спојувања и превземања го надминуваат оној на „Tencent“, кој изнесува 35 милијарди долари, и на Baidu – 15 милијарди долари.

Трите кинески гиганти оваа година учествувале во аквизиции во вредност од над 30 милијарди долари.

Нивните потези се поврзани со експанзијата во сферата на т.н. „онлајн-кон-офлајн“ услуги, како снабдување со производи нарачани преку интернет. Триото може да склучи уште повеќе трансакции во 2016-та година, што може да доведе до консолидација на индустријата.

Според авторите на студијата гигантите во бизнисот ја искористат оваа консолидација, со што се намалува конкуренцијата. Тоа пак помага за постигнување на стратешките цели на трите најголеми компании.

„Tencent“, која е создавач на апликациите за разговор „WeChat“ и „QQ“, е лидер по бројот на трансакции во оваа година. Таа има учество во вкупно 37, од кои некои се веќе реализирани или се на пат да бидат завршени. Нивната вкупна вредност е 16,3 милијарди долари, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

„Alibaba“ заостанува со малку. Оваа година таа има 27 трансакции со вкупна вредност од 15 милијарди долари, додека „Baidu“ е со 15 во вредност од 878 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП