25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка организира агро бизнис форум

ПроКредит Банка организира агро бизнис форум

aab

Лидерот во финансирањето и поддршката на агро бизнис секторот, ПроКредит Банка и оваа година организира Агро бизнис форум. Настанот ќе се случува на 17 декември во хотелот Александар Палас. 

Мотото оваа година е ‘’Модерно во агро’’.

ПроКредит е модерна, германска банка. Секоја година воведуваме иновации во услугата на клиетите, а агро секторот е наш посебен фокус. Со целокупната наша активност кон агро бизнисите и настани од овој тип сакаме да поттикнеме инвестиции во модернизација, развој на бренд и иновации. Сметаме дека тоа е патот за развој и успех на македонскиот агро бизнис, кој веруваме дека има голем потенцијал.’’ вели Емилија Спировска, член на Управен Одбор на ПроКредит Банка.

На настанот ќе бидат соопштени и наградени агро бизниси кои се занимаваат со примарно земјоделие, органско производство и преработка на земјоделски производи кои изминатата година направија значајни инвестиции во модернизација и развој, имплементираа иновативни практики кои се уникатни во Македонија  и имаат значајни планови за раст во иднина.

Прокредит банка за наградените обезбедува посета на модерен агро бизнис во странство, каде наградените ќе може да разменат искуства и знаења за нови инвестиции и иновации во нивната бранша.

На форумот Министерoт за земјоделие ќе ги соопшти новите Законски измени кои отвараат нови можности за македонските земјоделци, а ќе се отворат и прашања како заеднички можеме да создадеме препознатлив македонски производ, да бидеме поконкурентни и иновативни.

Настанот е отворен за сите бизнисмени кои се занимаваат со земјоделие, прехрамбената индустрија и нивните комплементарни дејност и од настанот гледаат отворена бизнис можност за нова соработка, размена на искуство, следење на трендовите на иновации.

Ваквиот настан е дел од развојната мисија на ПроКредит Банка  која е насочена кон поддршка на секторите со висок потеницијал во македонската економија.

ПроКредит банка до сега има наградено над 30 успешни агро бизниси. Минатата година наградените  агро бизниси учествуваа на наголемиот саем за земјоделие и храна во Европа-Fruit&Logistika во Берлин.

aaa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП