27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda го заменува Roomster со Snowman

Skoda го заменува Roomster со Snowman

rumster

Чешкиот производител „Skoda“ донесе конечна одлука да се откаже од развојот на новата генерација на „Roomster“. Причината е намалениот интерес за моделите од „MVP“ сегмент за сметка на растечката популарност кросоверите со 5 и 7 седишта.

Чесите сметаат да направат најголем дел од овој тренд на пазарот и веќе се целосно подготвени со својот „SUV“ со 7 седишта, за кој е потврдено дека ќе го носи името „Snowman“. Тој ќе биде прикажан на саемот во Женева во март, а ќе се распореди над „Yeti“ во палетата на брендот.

Новиот кросовер ќе го заземе местото на „Roomster“ во фабриката во Квасини (Чех), каде се составуваат уште „Yeti“ и „Superb“. Моделот е базиран на платформата „MQB“ на „Volkswagen Group“ и ќе ги добие стандардните мотори за германскиот концерн со зафатнина меѓу 1,4 и 2,0 литри.

Сите модификации ќе се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач и со автоматски „DSG“ менувач. Машината ќе биде опремена со систем за погон на сите четири тркала, но нејзината главна предност ќе биде пристапната цена, која ќе биде пониска од онаа на сличните модели произведени исто од концернот „Volkswagen“.

Во „Skoda“ ќе пуштат и буџетски кросовер базиран на „Fabia“, а тој ќе биде распореден под „Yeti“, како според димензии, така и според цената. Главните конкуренти на малиот „SUV“, кој исто така ќе биде изграден на платформата „MQB“, ќе бидат „Nissan Juke“, „Suzuki Vitara“, „Peugeot 2008“, „Opel Mokka“.

На изглед машината ќе личи на „Fabia“, од која ќе ја позајмува и палетата на мотори. Тоа значи дека кросоверот ќе се нуди со 1,2-литарски бензински мотор со 110 КС, како и со 1,4-литарски дизел со 105 КС.

За 2017-та година во „Skoda“ планираат да претстават уште еден кросовер, кој ќе се позиционира како конкурент на „BMW X4“ и „Mercedes GLC Cоupe“.

Интересно е дека Чесите сметаат со овој модел да дебитираат и кај хибридите. Во прво време тој ќе се нуди со бензински и дизел мотори, но околу една година по премиерата ќе излезе и верзија со хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП