22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple во март ќе ги претстави новиот Apple Watch и својот 4-инчен...

Apple во март ќе ги претстави новиот Apple Watch и својот 4-инчен iPhone

World AIDS Day

Компанијата „Apple“ ќе организира настан во март 2016-та година, каде ќе ја претстави втората генерација на паметниот часовник „Apple Watch“ и 4-инчниот „iPhone 6C“ телефон кој во последно време често се појавува во бројни гласини.

Во мобилната индустрија стана тренд екраните на уредите да стануваат се поголеми и поголеми, па така екранот поголем од 5-инчи стана норма за корисниците на смартфони. Кога „Apple“ се одлучи на екран поголем од 4.7-инчи на „iPhone 6“ телефонот, одредени лица го прифатија тоа со воодушевување, додека некои корисници беа разочарани.

4-инчниот уред е многу попрактичен и лесен за контролирање со помош на една рака, па така доколку новиот уред на „Apple“ се покаже како успешен, можеби трендот на големи екрани би можел конечно да престане и повторно да дојде до популаризација на помалите дисплеи.

Засега не се познати голем број на информации за новиот часовник – „Apple Watch“. Некои од гласините наведуваат дека ќе пристигне со „Facetime“ камера, додека други велат дека ќе пристигне до можност за „Wi-Fi“ опција, дополнителни здравствени сензори, меѓу кои и сензорот за следење на сонот. Дополнителни информации за „Apple Watch“ моментално не се достапни, така да ќе мора да почекаме до март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП