10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda подготвува конкурент на Subaru Outback

Mazda подготвува конкурент на Subaru Outback

koreu 338

Компанијата „Mazda“ се подготвува да го пушти во сериско производство концептниот кросовер „Koeru“, кој го покажа за време на автосаемот во Франкфурт. Ова го соопшти за „Automotive News“ генералниот директор на јапонскиот производител Масамичи Когаи.

Новиот модел треба да стане конкурент на „Subaru Outback“. Според зборовите на топ-менаџерот, целта на „Koeru“ е да обезбеди задоволство при возењето и самото патување. Во моментов „Mazda“ собира критики од своите клиенти за тоа како би се прифатил сличен автомобил во палетата на брендот.

„Сметам дека можеме да создадеме аналог на „Subaru Outback“, категоричен е Когаи, според кого по габаритот новиот модел ќе се приближува до кросоверот „CX-5“. Тоа значи дека сериската верзија ќе ги задржи димензиите на концептот, кој беше за 60 мм подолг од „CX-5“. Растојанието помеѓу двете оски кај „Коeru“, сепак е идентично со тоа на „петката“.

Засега не е познато какви агрегати ќе употреби „Mazda“ за моделот. Се претпоставува дека меѓу нив ќе се најде 2,0-литарски турбомотор со 4 цилиндри од семејството „SkyActive“. Овој мотор беше претставен кај новата генерација на „CX-9“, каде моќноста му е 240 КС и 420 Нм.

Од компанијата не соопштуваат и дали серискиот модел ќе го задржи името „Koeru“. Не е исклучено на пазарот возилото да се појави како „Mazda CX-6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП