22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G5 ќе биде претставен во февруари?

LG G5 ќе биде претставен во февруари?

tel lg 33

Новиот премиум модел на „LG – G5“ се очекува да биде претставен во февруари. Иако дотогаш има уште доста време, информации за моделот „процурија“ на Интернет, притоа покажувајќи какви се очекувањата на експертите за уредот.

Според публикација на изданието „Weibo“, новиот модел ќе биде со 5.6-инчен дисплеј со резолуција од 1.440 x 2.560 пиксели. Досега беа присутни шпекулации дека смартфонот ќе е првиот на компанијата со 4К-дисплеј.

Во куќиштето на уредот се очекува да е најновиот прецосор на „Qualcomm – Snapdragon 820“. Камерата на задната страна на уредот најверојатно ќе биде 21-мегапикселна со автофокус, а на предната страна ќе видиме 8-мегапикселна камера.

Исто така имаше шпекулации дека уредот ќе има сензор за препознавање на ирисот. Ако смартфонот „LG G5“ биде претставен во февруари, тогаш целта би била да се засени претставувањето на следниот модел на „Samsung“ – „Galaxy S7“. За споредба, „LG G4“ беше претставен на 28-ми април оваа година.

Предвид на традицијата од „LG“ да ги изненади корисниците и со некои иновации во однос на дизајнот (како што беше кожниот дисплеј кај претходниот модел), целосно е можно новиот смартфон да се одликува и со метално тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП