17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMoody's го намали кредитниот рејтинг на Petrobras

Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Petrobras

petrobras 30394

Проблемите на бразилската економија се продлабочиja уште повеќе во средата, откако „Moody’s Investor Service“ го намали кредитниот рејтинг на нафтениот гигант „Petrobras“.

Падот е од ниво „Ba2“ до „Ba3“, откако агенцијатa го преиспита рејтингот на „Petrobras“ и го намали уште повеќе.

„Овие акции се одразуваат на зголемените ризици за рефинансирање во позадина на деградираните услови во индустријата, кои го отежнуваат привлекување на средства преку продажба на активите“, пишува во соопштението на „Moody’s“.

Откако минатата недела Конгресот отвори постапка за импичмент на претседателката Дилма Русеф, „Moody’s“ соопшти дека ќе го преиспита кредитниот рејтинг на Бразил, кој во моментов е на ниво „Baa3“. Тоа би ја загрозило најголемата економија во Јужна Америка, бидејќи може да дојде до одлив на капитал.

„Индикаторите за фискалната и економската активност продолжуваат драстично да се влошуваат без јасен сигнал кога тоа ќе заврши“, велат од „Moody’s“. „Отворањето на постапка за интерпелација на претседателот на почетокот на декември остава многу малку можност за справување со влошените среднорочни фискални трендови“, пишува во соопштението.

За потсетување, рејтинг агенцијата „Standard & Poor’s“ во септември го намали рејтингот на Бразил до ниво „junk“ (ѓубре) поради политичката криза и проблемите со буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП