Компанијата „Volkswagen“ официјално ги објави резултатите од домашната истрага за скандалот со манипулациите на мотори. Тие покажуваат нерамноправност во емисијата на 9 модели. Меѓу нив има и такви со бензински мотори, но не се вклучени автомобилите на „Audi“, „Skoda“ и „Seat“.
Според производителот неусогласеност со нивото на штетните гасови „CO2“ и со потрошувачката на гориво се откриени кај следниве модели на компанијата:
– Polo 1.0 TSI BlueMotion, 95 КС, 7-брзински DSG
– Scirocco 2.0 TDI, 180 КС, EU-6, 6-брзински мануелен менувач
– Jetta 1.2 TSI, 105 КС, EU-6, 6-брзински мануелен менувач
– Jetta 2.0 TDI 110 КС, EU-6, 5-брзински мануелен менувач
– Golf Cabriolet 2.0 TDI 110 КС, EU-6, 5-брзински мануелен менувач
– Golf 2.0 TDI, 150 КС, EU-6, 6-брзински мануелен менувач
– Passat Alltrack 2.0 TSI 4MOTION, 220 КС, EU-6, 7-брзински DSG
– Passat Variant 2.0 TDI 4MOTION BMT, 240 КС, EU-6, 7-брзински DSG
– Passat Variant 1.4 TSI ACT, 150 КС, EU-6, 6-брзински мануелен менувач
Претставници на брендот дополнуваат дека нивоата на штетни гасови „СО2“ кај автомобилите, опремени со спорниот софтвер, резултати се разликуваат само со неколку грама на километар од реалните.
Од „Volkswagen“ исто така, тврдат дека вкупната бројка на погодените возила во Европа е далеку помал од претходно објавениот. Првично беше соопштено за над 800.000 автомобили, но според новите податоци оваа бројка изнесува едвај 36.000 примероци. Тоа е едвај 0,5% од вкупното производство на компанијата.
„Последните финансиски резултати покажуваат дека нема негативно влијание врз профитот на компанијата“, се вели во официјалното соопштение на „Volkswagen“ до медиумите. И се наведува дека во средата акциите на компанијата на берзата во Франкфурт скокна за 6%.