Средната класа повеќе не доминира во САД бидејќи нејзиниот удел во популацијата паднал на 49,9 отсто, од 61 отсто во 1971 година, додека богати и сиромашни се сè повеќе, покажува извештајот на Pew Research Center.
Според Pew, на почетокот на оваа година бројот на возрасни Американци кои живеат во домаќинства со средни примања изнесувал 120,8 милиони, додека бројот на оние кои влегуваат во повисок или понизок ранг на примања достигна 121,3 милиони.
Понатаму, според дефиницијата на Pew, средната класа ја прават лица со примања за две третини до двапати поголеми од просечните примања во земјата, или со приходи од 41.900 до 125.600 долари годишно во семејствата со три лица.
Со децении средната класа беше јадро и ја одржуваше земјата моќна, но во последно време се намалува заради стагнацијата на платите и растот на трошоците, се наведува во извештајот.