2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаскоро шолја кафе со кофеин со одложено дејство

Наскоро шолја кафе со кофеин со одложено дејство

kafe 333

Наскоро во продавниците ќе можат да се најдат, како што тврди научниот оддел на швајцарската компанија Nestle, пакувања со кафе со кофеин со временско испуштање.

Од Nestle објавија дека развиле посебна техника која ќе овозможи енергетскиот ефект на кофеинот врз организмот да не биде силен и моментален, како што се навикнати љубителите на кафето, туку, благодарејќи на повременото негово испуштање, тоа да трае преку целиот ден, пишува во средата британскиот весник The Daily Mail.

Кофеинот е супстанција со силно стимулативно дејство врз централниот нервен систем, па преголемото количество може да резултира со забрзано отчукување на срцето, нервоза и егзалтација.

Студиите направени во соработка со стручњаците од Центарот за истражување при „Nestle“ во швајцарска Лозана, го спровеле научниците од Политехничкото училиште во Лозана и Универзитетот ETХ во Цирих. Според нивните резултатите, во иднина љубителите на кафето по само една испиена шолја од напивката, би можеле да чувствуваат постепено зголемување на енергијата во организмот, која би е одржувал во текот на целиот ден без несаканите нус појави.

Појаснуваат, притоа, дека во тој процес се важни кубосомите, носачите на активните супстанции коишто ги имитираат природните структури во организмот. Станува збор за микроскопски капсули составени од молекули на липиди и вода, кои содржат и некоја клучна состојка, на пример кофеин или некој друг нутриент содржан во храната. Кубосомите во текот на одреден период се распрснуваат , испуштајќи ја притоа содржината контролирано и постапно.

Опишаната техника во иднина би можела да се искористи и за временското дозирање на нутриент од многубројни прехранбени производи на контролиран начин, велат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП