18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMozilla го запира развојот и продажбата на смартфони

Mozilla го запира развојот и продажбата на смартфони

firefox e4

„Mozilla“ објави дека престанува со изработката и продажбата на паметни телефони со платформа „Firefox OS“. Наместо тоа ќе се насочи кон „Интернет на нештата“.

„Горди сме со придобивките кои „Firefox OS“ ги додаде на Интернетот, и ќе продолжиме да експериментираме со корисничкото искуство на останатите поврзани уреди. Ќе го изградиме тоа како отворен проект, прво фокусирање на корисничкото искуство, и потоа ќе направиме алатки за да го олесниме растот на екосистемот“, коментира Ари Даакси кој е потпретседател на „Mozilla“.

„Firefox OS“ беше претставен во 2013-та година со амбиција да освои место во сегментот на најевтини смартфони и фанови на програмирањето. Платформата се потпираше речиси целосно на постојана интернет конекција, па не располагаше со одделни апликации, туку тие се базирани во мрежата.

Смартфоните сепак не успеаја да ги освојат потрошувачите, особено откако пазарот беше преплавен од евтини модели со „Android“.

За „Mozilla“ одлуката е дел и од новата стратегија да се намалат страничните бизниси и да се концентрираат на јадрото. Таа објави дека ќе бара нов дом на популарниот „mail“ клиент „Thunderbird“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП