4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВнатрешноста на целосно новиот Mercedes-Benz E-Class (фото+видео)

Внатрешноста на целосно новиот Mercedes-Benz E-Class (фото+видео)

vnatresnost e klasa

„Mercedes-Benz“ официјално ја откри внатрешноста на новата генерација „E-Class“, чија светска премиера е закажана за месец јануари 2016-та година.

Од првите официјални фотографии станува јасно дека Ентериерот на „E-Class“ е во голема мера позајмен од поголемиот и поскап модел „S-Class“. Користена е истата шема со два големи екрани. Едниот ги заменува апаратите на таблата со инструменти, а другиот, кој се наоѓа на централната конзола е одговорен за инфо-забавниот систем на возилото.

vnatresnost e klasa1

Слично кај „E-Class“ и „S-Class“ е поставеноста на отворите за вентилација, како и на копчињата за управување на седиштата. Главните разлики се во долниот дел на конзолата, која кај новиот седан демонстрира различен распоред на копчињата.

vnatresnost e klasa2

Според претставените фотографии моделот располага со инструмент табла тапацирана со кожа и елементи од природно дрво. Кај различните верзии на опрема ќе се нудат различни волани, дисплеи и тапацир, а дел од нив можат да се видат на фотографиите.

vnatresnost e klasa3

Во моментов недостасуваат подетални информации за „Mercedes-Benz E-Class“, но се очекува моделот да го добие системот „NFC“, преку која сопственикот ќе може да го користи својот смартфон како клуч за пристап до возилото. Слично на новата „BMW 7-Series“, мобилен уред ќе може да се користи и како далечински управувач за паркирање на возилото.

E-Klasse Interieur E-Class Interior

Сите детали за седанот ќе бидат откриени за време на автомобилскиот саем во Детроит во јануари. Стартот на продажбата е закажан за април 2016-та година, кога се очекува да ја видиме и караван верзијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП