Претходно прикажаниот концепт „R200 Non-Fiction“ ја направи првата динамична демонстрација на патеката. Машината е целосно функционална, а претставува идеолошки наследник на рели автомобилот „Skoda 130 RS“ од 80-тите години на минатиот век.
Ревитализираниот автомобил е дело на дизајнерот Петер Новак, а според плановите се предвидува тој да се произведува сериски. Возилото е изградено врз основа на првата генерација „Audi R8“ и ја користи неговите шасија, мотор и менувач.
Агрегатот е V8 со моќност од 430 КС, поврзан со мануелен менувач и овозможува спринт од место до 100 км/час за 4,5 секунди. Димензиите на моделот се должина од 4,4 метри, ширина од 2 метри и висина од 1,3 метри.
И додека техниката е превземена од „Audi R8“, изгледот е создаден целосно од мотивите на оригиналниот рели автомобил, кој оваа година го слави својот 40-годишен јубилеј.
Производителите се категорични дека ревитализираната „Skoda 130 RS“ е целосно функционална, а тоа го докажаа на патеката „Slovakiaring Circuit“ во Словачка, каде се одржаа првите јавните динамички тестови.
Плановите предвидуваат моделот да се појави на пазарот во почетокот на 2016-та година, а според информациите цените ќе почнуваат од околу 255.000 евра. Производството ќе биде ограничено на 30 примероци.
Колку за споредба, оригиналната „Skoda 130 RS“ од 80-тите години на минатиот век користи 1,3-литарски агрегат со моќност од 142 КС. Вкупната тежина на машината е само 825 килограми, а максималната брзина на движење достигнува 190 км/час.