17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ во шок! Како ја фалсификуваа банкнотата од 10 евра?

ЕЦБ во шок! Како ја фалсификуваа банкнотата од 10 евра?

falc desetka11

И покрај печатењето на нови апоени со дополнителни мерки на безбедност, се појавија први фалсификувани банкноти од 10 евра од новата серија.

Италијанската полиција во понеделникот објави дека во близина на Неапол открила голема количина на фалсификувани банкноти од 10 евра, изработени според новиот апоен со дополнителните безбедносни заштити чија цел беше спречување на фалсификувањето на заедничката европска валута.

„Ова е прва заплена на фалсификувани банкноти од новата серија во Европа“, се вели во соопштението на финансиската полиција.

Неапол е познат како центар за фалсификување на пари.

Финансиската полиција го објави апсењето на 39-годишниот маж во неделата, откако по него беше распишана потерница. Полицијата во неговиот автомобил пронашла повеќе од 500.000 евра лажни банкноти.

„Прелиминарните проверки покажуваат дека банкнотите се со одличен квалитет и дека лесно може да го измами било кој ќе ги прими“, се вели во соопштението на полицијата.

Европската централна банка, со воведување на новите банкноти, сакаше да оди еден чекор понапред од фалсификаторите, затоа што новите банкноти, како што наведе ЕЦБ, содржат голем број на подобрувања кога станува збор за заштитата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП