9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал ги обвини судиите за елиминацијата од ЛШ

Ван Гал ги обвини судиите за елиминацијата од ЛШ

van-gal283940

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луј ван Гал ги обвини судиите за елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите. Јунајтед, во вторникот, загуби од Волфсбург со 3:2, го освои третото место во Б групата и сезоната ќе ја продолжи во Лига Европа.

„Ова беше помалку лид натпревар. Постигнавме гол, а потоа тие израмнија по само две минути. Постигнаа гол за победа две минути по нашето израмнување“, рекол Холанѓанецот.

„Може да се каже дека бевме фаворити, но ова беше неизвесна група. Се сеќавате дека првиот меч против ПСВ го реши судијата, истото се случи и против Волфсбург. Кога групата е израмнета такви работи се случуваат.“

Ван Гал дополнил дека судиите не требало да го поништат голот на Џеси Лингард постигнат во финишот на првиот дел, при резултат 2:1 за Волфсбург.

„Мата не го попречуваше голманот. Разочаран сум, разочарани се и фудбалерите. Во ова натпреварување сакавме да го покажеме квалитетот, но повеќе нема да имаме шанса да го сториме тоа“, рекол Ван Гал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП