2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ќе инвестира 1 милијарда евра во електромобил

Porsche ќе инвестира 1 милијарда евра во електромобил

eporsche 33

„Porsche“ официјално објави дека ќе пушти во сериско производство електричен модел, во чија основа ќе биде концептот „Mission E“. За реализацијата на проектот ќе бидат потрошени околу 1 милијарда евра, а производството на моделот ќе стартува во 2020-та година.

Над 700 милиони евра ќе бидат инвестирани во суштинско проширување на фабриката на брендот во Штутгарт, каде што ќе биде формиран специјален погон за склопување, како и нова работилница за фарбање. Претстои и изградба на посебна работилница за електричните мотори, а се очекува компанијата да отвори над 1.000 нови работни места.

Уште 300 милиони евра германскиот производител на спортски автомобили ќе инвестира во други свои единици, вклучувајќи и инженеринг центар. Токму тој ќе ја преземе одговорноста за техничките детали околу конверзијата на „Mission E“ во сериски модел.

Прототипот „Mission E“ беше прикажан на саемот во Франкфурт во септември. Концептот со 4 врати има систем за погон на сите четири тркала, шасија направена од лесни материјали и два електромотори со вкупна моќност од 600 КС. Автомобилот може да измине 500 километри со едно полнење, а забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП