21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗабрзајте го вашиот iPhone со досега наједноставниот трик

Забрзајте го вашиот iPhone со досега наједноставниот трик

iOS-71221

Еден фан на „Apple“ успеа да ги надмудри сите генијалци од Купертино откривајќи трик кој ќе го забрза секој „iPhone“ без потреба за негово рестартирање.

Отклучете го вашиот уред така да можете да го видите почетниот екран и притиснете го копчето за активирање се додека не се појави пораката „Slide to Power Off“.

Потоа е потребано да го притиснете „Home“ копчето и да го држите 5 секунди.

Oваа постапка ја освежува работната меморија на телефонот – поточно ја чисти од процесите кои можеби го забавуваат „iPhone“ телефонот.

Личноста која го откри овој трик, Марк Форест, тврди дека неколку лица го запрашале за предноста на оваа можност, и дека тој е сигурен дека се ослободува неискористениот „RAM“ на уредот.

„Направив неколку тестови со цел да утврдам дали навистина функционира, и по тоа што можев да го видам, можам да ви ветам дека ќе го забрза телефонот и тоа многу“, тврди тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП