17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот Apple TV може да се појави во почетокот на 2016-та година

Новиот Apple TV може да се појави во почетокот на 2016-та година

Apple_TV_with_remote

Новата генерација „Apple TV“ се појави релативно брзо на пазарот, но гласините за следната линија се веќе актуелни. Според новите информации од компанијата со седиште во Пало Алто, Калифорнија, „Apple“ има намера да го започне производството на следната генерација на овој уред во почетокот на следната година, а тестовите веќе се одржуваат во моментов.

Се очекува производството да стартува во првиот квартал на 2016-та година.

Според запознаените извори, „Apple“ ќе воведе серија промени во новиот „Apple TV“ – нов процесор од петтата генерација и нови функции.

Засега последната верзија на кутијата е фокусирана на апликациите и гласовниот асистент „Siri“. Со него корисниците можат да бараат филмови по различни критериуми, да добијат информации од интернет и слично. Но и тоа не е се – преку „Siri“ дури може да се даваат команди за снимање на филмови или истото да се случи во одредено време.

Во „Apple TV“ се интегрирани и „Apple Music“ и други услуги на компанијата. Освен преку „Siri“, уредот се управува и преку сензорски далечински уред.

„Apple“ изгради и нов оперативен систем наречен „tvOS“, кој е специјално наменет за „Apple TV“. Тој е базирана на „iOS“, но со подобрувања за „Apple TV“, за да се разберат специфичните карактеристики на уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП