22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците за онлајн рекламирање наскоро ќе го надминат буџетот за телевизиски спотови

Трошоците за онлајн рекламирање наскоро ќе го надминат буџетот за телевизиски спотови

internet_vs_tv2222

Телевизијата одамна го изгуби долгогодишното влијание врз рекламните буџети како резултат на повисоките трошоци за интернет реклами, кои продолжуваат да растат. Ова го покажуваат некои од најпознатите предвидувања од рекламната индустрија.

Се очекува продажбата на телевизиските реклами да забележат мал пад оваа година, намалувајќи се на светско ниво за прв пат во историјата со исклучок на годината на рецесија, тврди „Magna Global“ на „Interpublic Group“.

Телевизијата формира 38,4% од светскиот рекламен пазар во вредност од 503 милијарди долари во оваа година, а пак уделот ќе се намали до 38% во 2016-та година, се наведува во прогнозата на компанијата.

Во меѓувреме рекламирањето на интернет продолжува со извонредниот раст. Трошоците за онлајн рекламирање ќе се зголемат за 17,2% во оваа година до речиси 160 милијарди долари, и со 13,5% во 2016-та година, а се очекува ваквиот раст да ја надмине телевизијата, како најголема рекламна категорија до крајот на 2017-та година, покажува прогнозата.

„ZenithOptimedia“ на „Publicis Groupe“ очекува дигиталните медиуми да ја надминат телевизијата во 2018-та година.

„Светскиот раст на телевизиското рекламирање се намалува. На повеќето големи развиени пазари растот на телевизиските реклами се забавува, а во некои случаи дури е во застој“, вели Винсент Летанг, шеф на глобалните прогнози во „Magna Global“.

Во САД, „Magna Global“ предвидува дека дигиталните медиуми ќе ја надминат телевизијата како водечка рекламна категорија во 2016-та година со рекламирање на продажбата за речиси 68 милијарди доларот во однос на 66 милијарди долари за телевизијата.

Перспективните онлајн и мобилни платформи ќе преземат поголем дел од трошоците за рекламирање и се испоставуваат како неизбежни во последниве неколку години. До неодамна рекламите се уште земаат од буџетот за рекламирање во хартиените изданија за да се финансираат онлајн рекламите. Но средствата сега се движат од буџетот за телевизијата, кон тоа за дигиталната реклама, вели Џонатан Бернард, шеф на проекциите во „ZenithOptimedia“.

Парите за рекламирање се влеваат се побрзо во онлајн видео клиповите, социјалните медиуми и мобилните апликации. „ZenithOptimedia“ очекува мобилните реклами да формираат 50,2% од онлајн рекламирањето во 2018-та година.

Оваа промена кон онлајн и мобилни рекламирања води до она што Летанг од „Magna Global“ го нарекува „дигитална дефлација“: овие реклами обично се поевтини и додека средствата за рекламирање се пренасочуваат кон интернет просторот, продавачите во медиумите чувствуваат притисок да ги намалат цените за рекламирање. Како резултат на тоа, растот на трошоците на пазарот за рекламирање, како целина се забавува.

Предвидувањата на „Magna Global“ генерално се дека светските трошоците за рекламирање ќе се зголемат за 4,6% до 526 милијарди долари во 2016-та година, а на „ZenithOptimedia“ за 4,7% до 579 милијарди долари. Оценката за растот на „GroupM“ на „WPP“ пак е за раст до 4,5% од 4,8%, достигнувајќи 520 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП