2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИдното BMW Z5 ќе чини 35.000 евра (видео)

Идното BMW Z5 ќе чини 35.000 евра (видео)

Neuer-BMW-Renner

Нови детали за заедничкиот проект на „Toyota“ и „BMW“ за изработка на спортски автомобили, објави германското издание „AutoBild“ кое се повикува на свои извори.

Очекувањата се на пазарот да излезат два модели на заедничка платформа, но со различни мотори. Германскиот – „BMW Z5“, ќе биде со хибриден погон, а како основа на агрегатот ќе биде 2,0-литарски бензински мотор со 4 цилиндри. Моделот ќе биде подготвен во 2017-та година, а позната е дури и неговата цена – 35.000 евра, тврди весникот.

Јасни се и некои од димензиите на германскиот автомобил – должина од 4.500 мм и висина од 1.340 мм. Растојанието помеѓу двете оски нема да надминува 2.500 mm. Каросеријата на „Z5“ ќе биде направена претежно од јаглеродни влакна. Истиот пристап „BMW“ го користи и кај екомоделите „i3“ и „i8“.

Во заедничкиот проект со „Toyota“ инженерите на „BMW“ одговараат за внатрешноста и надворешноста на автомобилот, кој ќе биде во стилот на концептот „ConnectedDrive Vision“. За јапонските експерти останува техничката опрема на двете возила. Се очекува „Toyota“ да го понуди својот автомобил под брендот „Lexus“, но не е исклучено машината да стане наследник на моделот „Supra“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП