17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИZTE го претстави можеби најдобриот евтин смартфон на пазарот

ZTE го претстави можеби најдобриот евтин смартфон на пазарот

zte 33

Кинескиот производител на смартфони додаде нов член на своето семејство на достапни уреди. За време на специјална прес-конференција во Кина компанијата го претстави својот нов модел „Blade A1“.

Покрај својата ниска цена, новиот уред ќе располага со сензор за отпечатоци на грбот. Дизајнот малку наликува на евтиниот модел на „Apple“ – „iPhone 5c“. Во однос на техничките карактеристики, уредот ќе се одликува со 5-инчен дисплеј со разолуција од 720 пиксели, 13 мегапиксели задна камера со „LED“-блиц и 8 мегапикселна предна камера.

zte 34

Процесорот е осумјадрен „MediaTek MT6735“ со фреквенција од 1.3 GHz, а оперативната меморија е 2 GB. Внатрешната меморија на уредот е 16 GB, а таа ќе може да се прошири со мемориска картичка.

Оперативниот систем на смартфонот е „Android 5.1 Lollipop“, а батеријата му е со капацитет од 2.800 mAh. Димензиите на новиот паметен телефон се 142 x 70.2 x 8.9 mm. Најдоброто кај смартфонот „Blade A1“ е неговата цена, а тој ќе се нуди во пет бои (бела, жолта, сина, сива и зелена) за сума од 85 евра. Тоа лесно може да го претвори во еден од најдобрите евтини уреди на пазарот во моментов.

zte 35

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП