6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ја повика Русија да ги укине економските санкции

Турција ја повика Русија да ги укине економските санкции

russia-turkey3333

Во Анкара сметаат дека е неопходно Русија во најскоро време да ги откаже економските санкции против Турција во врска со инцидентот со соборениот авион „Су-24“, изјави министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.

„Економијата и трговијата секогаш имаат посебно место во нашите билатерални односи. Сметаме дека е неправилно, поради тажниот инцидент, да дозволиме да биде нанесена штета на нашите односи, кои како резултат на повеќегодишни напори добија здрава и одржлива основа“, изјави турскиот министер за надворешни работи, одговарајќи на прашањето како во Анкара го оценуваат потпишаниот указ од претседателот на Руската Федерација за спроведување на специјални економски мерки во однос на Турција.

Според мислењето на турското Министерство за надворешни работи е дека меѓу двете држави треба да постои разбирање дека трговско-економските односи не треба да се подложуваат на влијанието на политичките несогласувања.

„Наместо да ескалираше сегашната напнатост, на нас ни е потребно ладнокрвно и што е можно поскоро да го надминеме овој период и повторно да ги вратиме нашите односи во претходната насока. Мора да се запамети дека во спротивно тој тажен инцидент ќе го носи во себе ризикот од долготрајни последици, а исто така ќе ја задржи опасноста од усложнување на односите меѓу нашите народи“, истакна турскиот министер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП