3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini е на пат да го сруши рекордот од 2014-та

Lamborghini е на пат да го сруши рекордот од 2014-та

lamborghini-huracan-as-05

Италијанскиот производител на суперспортски автомобили од година во година бележи раст на продажбата, а 2015-та би можел да ја заврши со повеќе од 3.000 испорачани возила.

„Lamborghini“ во 2014-та ширум светот продаде 2.530 aвтомобили, што беше најдобар резултат во преку половина век долгата историја на овој производител.

Очигледно оваа бројка ќе биде надмината во тековната година, а се очекува компанијата во 2015-та да продаде повеќе од 3.000 aвтомобили.

Со стабилната продажба на „Aventador“, на таквиот резултат најмногу ќе допринесе и зголемената побарувачка за евтиниот и популарниот „Huracan“, кој во 2014-та го наследи бестселерот – „Gallardo“.

aventadori 33

Сето тоа „Lamborghini“ го постигнува практично со само два модели во својата гама, па поради тоа пораснаа амбициите на раководството на компанијата дека потребно е во понудата да се смести уште еден сериски автомобил.

Затоа за 2018-та е најавен кросоверот „Urus“.

Шефот на „Lamborghini“, Стефан Винкелман, вели дека поради големите вложување во развојот на кросоверот неопходно е компанијата и во наредните години да продолжи со добри продажни резултати, за да може да го финансира идниот сериски модел.

Lamborghini-Urus-Front

Кога за неколку години ќе пристигне во продажните салони, се очекува „Urus“ да ја зголеми продажбата на „Lamborghini“ на 5.000 до 6.000 возила.

За разлика од „Ferrari“, кој веќе со години го ограничува своето годишно производство со цел да ја задржи ексклузивноста, неговиот ривал нема намера да превземе сличен потег.

Винкелман вели дека „Lamborghini“ нема формално да го ограничи годишното производство, но дека ексклузивитетот ќе го зачува на друг начин – ќе настојуваат понудата секогаш да биде за нијанса пониска од побарувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП