10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung се согласи да му плати отштета на Apple

Samsung се согласи да му плати отштета на Apple

Apple-vs-Samsung-11111

Речиси пет години откако „Apple“ поднесе тужба против „Samsung“ за прекршување на патенти, изгледа јужнокорејскиот гигант е подготвен да плати, пишува „The Verge“.

Во заедничката изјава на двете компании пред судот, „Samsung“ потврди дека ќе му плати на „Apple“ 548 милиони долари пред 14-ти декември, ако добие документ за сума од производителот на „iPhone“ пред крајот на оваа недела.

По неколку години на дела и жалби, износот од над половина милијарда долари е важна победа за „Apple“. Иако се чини дека „Samsung“ капитулираше, компанијата всушност се обидува да си заштеди дел од парите. Според текстот на изјавата „Samsung“ ги задржува сите права да добие надоместок од „Apple“, иако „Apple“ ги оспорува овие права.

„Apple“ го даде „Samsung“ на суд за прв пат во пролетта на 2011-та година, а тоа беше само една од многуте тужби кои оттогаш се дел од „војната“ за патенти врз технологии за смартфоните. Во 2012-та година една од судските институции се произнесе во корист на „Apple“, сметајќи дека „Samsung“ прекршил патенти на компанијата од Купертино за функции. „Apple“ поднесе барање за обесштетување од 2,5 милијарди долари, но од таа сума беа доделени само малку над 1 милијарда. Следеа серија на жалби од двете страни, за време на кои „Samsung“ се обиде да го намали износот до 930 милиони, а подоцна – во месец мај до сегашните 548 милиони долари. Ова е износот што јужнокорејскиот производител се согласува да го плати.

„Samsung“ сепак не само што го задржува правото да добие назад дел од оваа сума во иднина. Во изминатото лето компанијата најави дека ќе бара од Врховниот суд на САД да се разгледа правниот случај. Патентниот аналитичар Флориан Милер, кој прв ја забележал изјавата, смета дека ако Судот се согласи на сослушување, постои голема веројатност случајот да се разгледа повторно. Во исто време американската патентна служба е под притисок да одобри одредени патенти на „Apple“. Заклучокот е дека тешко дека наскоро ќе го видиме крајот на патентната војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП