18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg е најверојатен купувач на Peroni и Grolsch

Carlsberg е најверојатен купувач на Peroni и Grolsch

carlsberg dobivka

Според аналитичарите, „Carlsberg“ се смета за најочигледен купувач на брендовите „Peroni“ и „Grolsch“, кои можат да донесат на „Anheuser-Busch InBev NV“ до 3,2 милијарди долари, доколку компанијата продаде два од клучните брендови, сопственост на „SABMiller“, пишува „Bloomberg“.

Производител на пиво со седиште во Копенхаген е најверојатен купувач на брендовите. Овој договор ќе го додаде на неговиот бизнис во Велика Британија, Италија и Холандија, тврди Анрду Оланд, аналитичар на „Societe Generale“. Доколку го направи овој потег, „Carlsberg“ ќе го олесни значително процесот на купување на „SABMiller“ од страна на „AB InBev“.

Причината за желбата на компанијата да ги продаде двете марки е поврзана со загриженоста на европските регулатори околу спојувањето на двете компании – договор вреден 110 милијарди долари.

Купувањето на „Peroni“ и „Grolsch“ ќе биде првото за главниот извршен директор на „Carlsberg“ Цеес’т Харт, кој ја ревидира стратегијата на компанијата и ќе скратува работни места откако и се придружи на компанијата во јуни.

Договорот може да даде нов поттик за растот на производителот на пиво, кој минатиот месец најави дека планира да скрати 2.000 работни места, бидејќи руската економска криза ја натежнува добивката.

„Генерално спојувањата и превземањата не се на нашиот дневен ред, бидејќи се фокусираме на зајакнување на нашиот бизнис во органски начин“, коментира Каспер Елбсорн, портпарол на „Carlsberg“.

„Calrsberg Foundation“ е компанија која го промени својот статут на крајот на 2013-та година, па тоа и овозможи на фирмата да бара можности за инвестирање. „Carlsberg“ објави дека во првиот квартал од 2016-та година ќе ја претстави стратегијата за раст пред акционерите.

Меѓу потенцијалните купувачи на „Peroni“ и „Grolsch“ се и јапонските компании „Kirin Holdings“ и „Asahi Group Holdings“.

„Heineken“, третиот најголем производител на пиво во светот, е малку веројатно да се бори за двата бренда, бидејќи договорот ќе биде разгледан од антимонополските регулатори. Ако „Heineken“ и „Grolsch“ ги обединат своите акции, ќе имаат вкупно 52% од пазарот во Холандија, тврди аналитичарот на „Stifel“, Марк Шварцберг. Од „Heineken“ одбиваат да коментираат на ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП