22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолапсот на таблетите ќе го загрози Android

Колапсот на таблетите ќе го загрози Android

tableti nula

Истражувачката компанија „IDC“ тврди дека падот во продажбата на таблети ќе им наштети на уредите со „Android“, но ќе им помогне на оние со оперативниот систем „Windows“. И покрај големите модели како што се „Microsoft Surface Pro 4“ и „Apple iPad Pro“, „IDC“ верува дека падот на испораката на таблети ќе продолжи и во овој квартал.

Но, „IDC“ предвидува и промени во пазарните трендови, со пазарна транзиција од самостојните таблети во монтажните хибриди. Според „IDC“ хибридите ќе бидат таблетите на иднината и дека овој сегмент ќе има раст од дури 75 посто во 2016-та година во однос на оваа година.

Овие уреди се користат се повеќе и повеќе поради зголемената продуктивност, а овој тренд има влијание на тоа кои големини на таблети и платформи ќе доминираат на пазарот. Таблетите се бескорисни за вакви задачи и затоа ќе изумрат.

Големините меѓу 9 и 13 инчи се идеални, додека и моделите со големини помеѓу 13 и 16 инчи исто така ќе го зголемат својот удел за нешто повеќе од двојно, препорачува „IDC“. Според „IDC“ до 2019-та година таблетите со „Windows“ ќе го зголемат својот удел на 20 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП