27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS најави откуп на обврзници за 16 милијарди франци

UBS најави откуп на обврзници за 16 милијарди франци

ubs svic

Швајцарската банка „UBS Group AG“ објави дека ќе купи назад свои обврзници во вредност од 16 милијарди франци, а еден дел од нив веќе нема да бидат дел од нејзиниот капитал по влегувањето на новите швајцарски правила во 2019-та година, соопштува „Bloomberg“.

Предлогот за купување на обврзници во готово ќе трае до 15-ти декември, изјави банката во своето соопштение. „UBS“ очекува да ги пријави трошоците на трансакција во четвртиот квартал. Откупот ќе има несуштински ефект врз односот „СЕТ1“ (капитал спрема ризични средства) на банката, соопшти уште таа.

„Подредените обврзници, кои се дел од предлозите, во моментов се прифатливи како капитал од втор ред („Tier 2“, дополнителен капитал кој вклучува алатки како преиспитување резерви, неоткриени резерви и субординирен долг), а преостанатата содржина на капиталот паѓа под внесените правила „BIS Basel III“. Тие сепак нема да бидат прифатливи за капиталниот третман „Tier 2“ на база целосно спроведување од почетокот на 2019-та година“, објавија од „UBS“.

Швајцарија најави нови прописи за капиталот на најголемите банки на 21-ви октомври, принудувајќи ги да соберат повеќе капитал и да емитираат обврзници oд повеќе милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП