Банките на Volkswagen ќе му дадат 20 милијарди евра кредит, а доколку има проблеми со отплатата, може да продаде дел од имотот, дознава Reuters, од извори запознати со состојбата во германската автомобилска компанија.
Најголемиот европски производител на возила под притисок е да ги зајакне своите финансии за да ги покрие казните, тужбите и поправките на возилата откако призна дека софтверот во дизел возилата овозможува мамење на еко-тестовите.
Најголемиот скандал во 78-годишната историја на германската компанија го присили, меѓу другото, на оставка долгогодишниот претседател на управата и избриша милијарди евра пазарна вредност на VW.
Volkswagen оваа недела обезбеди 20 милијарди евра вреден премостувачки кредит од 13 банки, кој планира да го рефинансира со издавање на обврзница во следните месеци.
Доколку VW не пронајде други извори на финансирање подготвен е да продаде дел од имотот кој вреди значително над наведените 20 милијарди.