18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLeTV е најдобро растечкиот кинески производител на смартфони

LeTV е најдобро растечкиот кинески производител на смартфони

letv 0001

Кинеската компанија „LeTV“ станува најбрзо растечкиот производител на паметни телефони во светот.

Во август таа објави дека продале рекордни во нивната историја над еден милион смартфони за квартал. Сега таа го собори сопствениот рекорд, откако границата од еден милион смартфони е надмината за само еден месец – во ноември.

Од нив, околу 780.000 се од продажбата на моделот „Le 1s“. Ова е најновиот уред во палетата на производителот, кој беше претставен во октомври оваа година. Смартфонот се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1080 пиксели, 2.2-гигахерцен осумјадрен процесор „MediaTek Helio X10“, како и 3 GB RAM меморија.

letv 0002

Задната камера е 13-мегапикселна, а предната е од 5 мегапиксели. Батеријата на уредот е со капацитет од 3.000 mAh.

Од „LeTV“ информираа дека добиле над 11 милиони првични барања за купување на смартфонот. Ниската цена од 115 евра во голема мера е причината за големиот интерес за овој уред.

Во прилог на „Le 1s“, компанијата ги нуди уште и моделите „1 Pro“ и „Max“. Вкупно 100.000 од нив се продадени во изминатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП