4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција веќе страда – цените паднаа за 30%, камионите застанаа

Турција веќе страда – цените паднаа за 30%, камионите застанаа

1166332103565d5d1ebb38c260058307_w640

Турските производители на овошје и зеленчук веќе бележат загуби поради ембаргото на увозот кој Русија и го воведе на Турција, а санкциите предизвикаа значителен пад на цените на домашниот пазар.

„Оваа сезона беше одлична за производителите на овошје и зелечнук, но тогаш дојде кризата. За само два-три дена цените паднаа за 20 до 30 проценти“, изјави претседателот на турската Федерација на трговци со овошје и зеленчук, Бурхан Ер, за агенцијата Доган.

Русија на Турција и воведе низа трговски санкции како одговор на неодамнешното соборување на рускиот воен авион на границата на Турска и Сирија.

Претседателот на турската Федерација на трговци со овошје и зеленчук како пример ја наведува цената на мандарините и доматите на домашниот пазар која се намалила за една третина, а доколку се продолжи кризата во односите со Русија, се очекува пад на цените и до 50 проценти.

Русија е најголемиот пазар за широк асортиман на турското овошје и зеленчук, пренесува агенцијата Доган.

Иако ембаргото на увозот на овошје и зеленчук во Русија од Турција официјално ќе стапи на сила на 1-ви јануари, турските превозници веќе сега се жалат дека имаат проблеми со цариниците при влезот во Русија.

„Извезуваме голема количина на овошје и зеленчук во Русија. Со последната одлука на Русија, тие (цариниците) не дозволуваат да влезе нашата стока во таа земја и ги запираат нашите превозници. Не делува дека проблемот ќе биде наскоро решен“, изјави претседателот на индустриската и трговската комора Булент Каракуш.

Претставникот на производителите на овошје и зеленчук изјави дека регионалната индустрија дневно губи околу 350.000 долари и додаде дека до почетокот на кризата околу 30 камиони секој ден возеле стока само во регионот Фетија Атабеј Акгун од Турција за Русија, но застојот на границата со Русија предизвикал големи загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП