29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЃорѓе Војновиќ e Претседател на Управен одбор на Винер Лајф осигурување

Ѓорѓе Војновиќ e Претседател на Управен одбор на Винер Лајф осигурување

Winner Life Insurance press conference (1)

Тимот на Винер Лајф Осигурување доби нов Претседател на Управен одбор. Ѓорѓе Војновиќ стапи на новата функција од први јули оваа година. Од осигурителната компанија најавуваа дека новиот член ќе биде значајно засилување на управувачката структура.

„Збогатувањeто на тимот со искусни кадри носи нови перспективи за компанијата којашто покажува раст на своето портфолио изминативе години. Зад себе имаме осигурителна групација – ВИГ којашто има речиси 190 годишно искуство. Искуството, традицијата и знаењето носат сами по себе резултати. Но кога тоа ќе го искомбинирате со одлични менаџери секој очекува нешто повеќе“, изјави Светла Несторова член на Надзорен одбор на Винер Лајф осигирување.

Војновиќ доаѓа во Винер Лајф Македонија со богато искуство од осигурителниот бизнис, од позицијата главен извршен директор на Триглав осигурување АД Скопје. Својата кариера во финансиски институции ја започна во Хипо Алпе Адриа Лизинг каде што 5 години беше член на управниот одбор.

Winner Life Insurance press conference (2)

„Винер Лајф е компанија со голема перспектива, одлична екипа, со млади и едуцирани кадри кои имаат голем потенцијал. Земајќи го предвид фактот дека на македонскиот пазар е присутна пократко време во споредба со доминантните компании во животно осигурување кои имаат остварено значителен пазарен удел и за тоа кратко време постигнала големи резултати, не се сомневам во понатамошниот успех. Верувам дека со заеднички сили и вложување на многу труд на пазарот на кој што секогаш на прво место е клиентот, полека но сигурно ќе го заземеме местото на врвот, како што и залужува ВИГ“, изјави Ѓорѓе Војновиќ, Претседател на Управен одбор на Винер Лајф осигурување.

Винер животно осигурување е основана од Виена Иншуренс Груп (ВИГ) во 2010 година. Kако дел од моќната осигурителна групација,  Винер Лајф имплементира прецизни деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и се одрази со брзо позиционирање на македонскиот осигурителен пазар.

Winner Life Insurance press conference (3)

За кратко време се поголем број клиенти се решаваат да ги искористат привилегиите и бенефитите од осигурителни програми на Винер животно осигурување.

ВИГ (Виена Иншуранс Груп) е една од најголемите интернационални осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата со седиште во Виена, има 190 години искуство во осигурителниот бизнис и раководи со околу 50 осигурителни компании во 25 земји, со приближно 23.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП