Денар https://denar.mk ПОЧЕТНА Sat, 20 Apr 2019 20:14:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.9.10 Трикови за WhatsApp кои морате да ги пробате https://denar.mk/203144/tehnologija/trikovi-za-whatsapp-koi-morate-da-gi-probate Sat, 20 Apr 2019 20:14:36 +0000 https://denar.mk/?p=203144 Овие трикови мора да ги пробате ако сакате да се “скриете” од одредени луѓе. Станете дискретни Ако не сакате вашите контакти да видат кога последен пат сте ја виделе пораката, тоа можете да го промените. Оваа опција е сместена во делот за приватност под ”last seen”. Таму можете да изберете дали сакате да се сокриете […]]]>

Овие трикови мора да ги пробате ако сакате да се “скриете” од одредени луѓе.

Станете дискретни

Ако не сакате вашите контакти да видат кога последен пат сте ја виделе пораката, тоа можете да го промените. Оваа опција е сместена во делот за приватност под ”last seen”. Таму можете да изберете дали сакате да се сокриете од одредени или од сите контакти.

Спречете го чувањето на слики на вашиот смартфон

За да го спречите WhatsApp од снимање слики на уредот, мора да го направите ова: на iOS влезете во Settings> Privacy> Photos и таму симнете ја WhatsApp. На Андроид, вклучете го file manager како ES File Explorer и одете на sdcard /WhatsApp/Media и кликнете на New во секоја мапа што не сакате да ја делите, а потоа создадете датотека по име nomedia.

Податоци? Каде со нив?

Корисниците на iPhone можат да одат во Settings>Data and Storage Usage и таму поставете начин на кои ќе ги чувате податоците. Изберете Wi-Fi ако не сакате да потрошите за време на периодот кога не сте дома или едноставно одберете ја ставката за автоматско превземање и префрлете го на ,,никогаш”. Ако сте сопственик на Андроид, опцијата се наоѓа под Settings>Data Usage.

Проверете колку WhatsApp троши

Отворете опции за користење на мрежата во WhatsApp со одење во Settings>Data and Storage Usage>Network Usage.  Таму ќе добиете целосен преглед на потрошените мегабајти.

Користете десктоп верзија апликација

Немате при рака смартфон, а седите на компјутер? Нема проблем, одете на официјалната страница на WhatsApp, пријавете се и се ќе работите како на смартфон.

]]>
Лејди Гага во новата биографија отворено за своето минато https://denar.mk/203142/najnovi-2/lejdi-gaga-vo-novata-biografija-otvoreno-za-svoeto-minato Sat, 20 Apr 2019 09:53:18 +0000 https://denar.mk/?p=203142 Познатата американска пејачка Лејди Гага во својата нова биографија „Everyone Loves You When You Are Dead“, која излегува на 5 меј дава редок увид во својот живот пред да стане позната. Во книгата која ја напиша Нил Страус, таа отворено зборува за зависностите со кои се борела, па во еден дел раскажува дека експериментирала со […]]]>

Познатата американска пејачка Лејди Гага во својата нова биографија „Everyone Loves You When You Are Dead“, која излегува на 5 меј дава редок увид во својот живот пред да стане позната.

Во книгата која ја напиша Нил Страус, таа отворено зборува за зависностите со кои се борела, па во еден дел раскажува дека експериментирала со дрога во уметнички цели, инспирирана од Дејвид Боуви и Мик Џегер.

– Немав лошо детство. Сите нешта низ кои минав беа дел од мојата сопствена потрага по уметничко патување како Енди Ворхол, Боуви и Мик, вели Лејди Гага во книгата.

]]>
УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што бил https://denar.mk/203138/ekonomija/unesko-notr-dam-ne-mora-da-bide-ist-kako-sto-bil Sat, 20 Apr 2019 09:46:57 +0000 https://denar.mk/?p=203138 Делегацијата на УНЕСКО разговарала со претседателот на Франција за париската катедрала уништена во пожарот. Обновата на париската катедрала Нотр Дам мора да ги заштити универзалните вредности на тоа место, но тоа не значи дека таа божица мора да биде реконструирана така како што била, истакнала УНЕСКО делегацијата, по разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон. Како […]]]>

Делегацијата на УНЕСКО разговарала со претседателот на Франција за париската катедрала уништена во пожарот.

Обновата на париската катедрала Нотр Дам мора да ги заштити универзалните вредности на тоа место, но тоа не значи дека таа божица мора да биде реконструирана така како што била, истакнала УНЕСКО делегацијата, по разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што се наведува во соопштението на кабинетот на францускиот претседател, претставниците на УНЕСКО посочиле дека се подготвени да помогнат во обновата на Нотр Дам, особено со обезбедување на техничка експертиза, пренесува AP.

Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азоулеј изјавила дека мора да се почитува “интегритетот и автентичноста” на тој споменик, бидејќи е дел од светското културно наследство.

Наследство на човештвото

Истакнала дека тоа не значи дека париската катедрала мора да остане непроменета.

УНЕСКО, како што наведува, формално го признава правото на секоја генерација да учествува во наследството на човештвото меѓу другото и прилагодување на природните и историските процеси на промени и трансформации и нови можности кои ги нуди напредната технологија.

Макрон првично изразил желба катедралата, која беше исклучително уништена во пожарот, да се обнови во рок од само пет години, но тоа предизвикало недоверба во јавноста, бидејќи се проценува дека за реконструкција ќе биде потребно многу повеќе време.

]]>
Како да се заштитите од пестициди во раното овошје и зеленчук? https://denar.mk/203126/zdravje/kako-da-se-zastitite-od-pesticidi-vo-ranoto-ovosje-i-zelencuk Sat, 20 Apr 2019 09:43:45 +0000 https://denar.mk/?p=203126 Нема родител кој на своето дете не сака да му ги припушти првите јагоди и другo ранo овошјe и зеленчук кои на големо можат да се најдат на зелените пазари. Дали купувањето на првите плодови предизвикува поголема штета отколку корист со изложување на високи количества пестициди и други штетни хемиски средства и како да се […]]]>

Нема родител кој на своето дете не сака да му ги припушти првите јагоди и другo ранo овошјe и зеленчук кои на големо можат да се најдат на зелените пазари. Дали купувањето на првите плодови предизвикува поголема штета отколку корист со изложување на високи количества пестициди и други штетни хемиски средства и како да се заштитите?

Првите денови од пролетта, купувачите на пазарите ги изненадува драстичната разлика во цената на јагодите. Домашните се отприлика двојно поскапи од оние од увоз! Таквата разлика во цената може да укаже на тоа дека домашното производство е поскапо, но и дека домашните јагоди се побезбедни.

Фитопатолог Пилја Даќиќ советува дека при изборот не треба да гледаме на мирис и вкус на плодот.

“Гледаме дали е (јагодата) визуелно добро, гледаме цена и она што е основно, гледаме дали производителот има некое искуство од претходната година”.

Според неговите зборови, раното овошје е интересно да се користи и логично е дека она што е увезено ги поминало сите контроли.

“Производителите имаат голема одговорност бидејќи користеле пестициди со цел заштита од болести и штетници по упатството на производителот и го почитувале периодот на чекање, тоа е период кој мора да помине од последната употреба на препаратот до бербата на јагодите”, истакнува Даќиќ.

Бидејќи на пазарот се појавија нелегално увезени пестициди кои не се дозволени на списокот, секогаш било и ќе има храна која е третирана.

”Без оглед на почитувањето на составот, овошјето до патот на тезгата и потрошувачот може да биде извалкано со разни нечистотии. Поради тоа, раното овошје и зеленчук потопете ги пет до десет минути во раствор од сода бикарбона, а потоа измијте ги под вода. На тој начин, нечистотиите и штетните материи ќе бидат отстранети од храната”.

Пестицидите не се штетни, туку се “лек” за растенијата кога се користат правилно. Сепак, советот на експерти е дека, кога сме во можност да купиме овошје за кои сме сигурни дека не е прскано или е сертифицирано органско овошје и зеленчук.

Додека пестицидите се поврзуваат со вода, органските производи содржат далеку повеќе суви материи така што и кога јадеме помалку, всушност јадеме повеќе.

]]>
Instagram тестира нова опција која може да ги уништи инфлуенсерите! https://denar.mk/203139/tehnologija/instagram-testira-nova-opcija-koja-moze-da-gi-unisti-influenserite Sat, 20 Apr 2019 09:35:50 +0000 https://denar.mk/?p=203139 Ќе полудат ако ова навистина се оствари! Instagram може да воведе промена која многу инфлуенсери ќе ги доведе до лудило. Постои можност во иднина, бројот на лајкови која ги добила некоја фотографија да бидат недостапни за публиката. Џејн Менчун Вонг, која се занимава со истражување на социјалните медиуми, откри дека Instagram веќе ја тестира оваа […]]]>

Ќе полудат ако ова навистина се оствари!

Instagram може да воведе промена која многу инфлуенсери ќе ги доведе до лудило. Постои можност во иднина, бројот на лајкови која ги добила некоја фотографија да бидат недостапни за публиката.

Џејн Менчун Вонг, која се занимава со истражување на социјалните медиуми, откри дека Instagram веќе ја тестира оваа опција и скриншотите ги објави на Твитер.

– Ние сакаме вашите следбеници да се фокусираат на содржината што ја споделувате, а не на бројот на лајкови кои ги добивате. За време на ова тестирање, само оној кој ја споделил објавата ќе може да види колку лајкови таа добила – стои во известувањето.

Портпаролката на “Инстанграм” за “The Verge” изјави дека не ја тестирале опцијата во овој момент, туку бараат начин како би го намалиле притисокот од корисниците.

Важно е да се напомене дека Instagram и Facebook постојано тестираат нови опции, но многу од нив никогаш не оживеале.

]]>
Ливерпул со клаузула се брани од Барса да не им „краде“ фудбалери https://denar.mk/203136/sportbiz/liverpul-so-klauzula-se-brani-od-barsa Sat, 20 Apr 2019 09:13:32 +0000 https://denar.mk/?p=203136 Сигурно Барселона би сакала во своите редови да ги има Вирџил ван Дајк или Садио Мане, но цената за фудбалерите на Ливерпул доколку сакаат да преминат во Барселона не е иста како за останатите европски фудбалски гиганти. Барса би морала да плати многу повеќе. Како што тврди „Дејли мејл“, на ваква клаузула Управата на „црвените“ […]]]>

Сигурно Барселона би сакала во своите редови да ги има Вирџил ван Дајк или Садио Мане, но цената за фудбалерите на Ливерпул доколку сакаат да преминат во Барселона не е иста како за останатите европски фудбалски гиганти. Барса би морала да плати многу повеќе.

Како што тврди „Дејли мејл“, на ваква клаузула Управата на „црвените“ се одлучила по преминот на Филипе Кутињо, кој отиде на „Ноу Камп“ за астрономски 146 милиони фунти.

Во клаузулата меѓудругото стои: „Ако Барселона сака да купи уште некој играч на Ливерпул до летото 2020 ќе мора да плати 100 милиони евра плус од неговата реална цена“.

Во превод, доколку Барса е заинтересирана за Ван Дајк, ќе мора за него да плати 250 милиони фунти (реалната цена во моментов му е 150 милиони фунти)

Последните години од „Енфилд“ на „Ноу Камп“ преминаа Хавиер Маскерано, Луис Суарез и Кутињо.

]]>
Јункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор https://denar.mk/203134/ekonomija/junker-postoi-strav-deka-ke-dojde-do-bregzit Sat, 20 Apr 2019 09:08:56 +0000 https://denar.mk/?p=203134 Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на деталите околу напуштањето на Унијата бидејќи, како што оцени, и натаму постои загриженост дека земјата би можела да ја напушти ЕУ без договор. Тој рече дека брегзитот создава неизвезност, а и натаму постои страв дека […]]]>

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на деталите околу напуштањето на Унијата бидејќи, како што оцени, и натаму постои загриженост дека земјата би можела да ја напушти ЕУ без договор.

Тој рече дека брегзитот создава неизвезност, а и натаму постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор.

Во интервју за германскиот весник „Функе Медиангруп“, Јункер појасни дека одложувањето на брегзитот до 30 октомври не нуди премногу јасност, па Велика Британија треба паметно да го искористи тој период за да го прифати договорот во текот на договореното време.

Договорот за брегзит, кој го постигнаа британската премиерка Тереза Меј и ЕУ, три пати не помина на гласање во британскиот Парламент.

]]>
Мали но значајни трикови за ефикасен тренинг! https://denar.mk/203124/zdravje/mali-no-znacajni-trikovi-za-efikasen-trening Sat, 20 Apr 2019 08:55:15 +0000 https://denar.mk/?p=203124 Самиот тренингот, колку и да вежбате напорно, не е доволен за саканите резултати…  Пролета е времето во кое најчесто го вртиме тој одлучувачки лист на кој се забележани сите промени кон кои се стремиме. Сигурно веќе на сите им е добро познат фактот дека за убавата фигура е потребна правилна исхрана, но за да во целост […]]]>

Самиот тренингот, колку и да вежбате напорно, не е доволен за саканите резултати… 

Пролета е времето во кое најчесто го вртиме тој одлучувачки лист на кој се забележани сите промени кон кои се стремиме. Сигурно веќе на сите им е добро познат фактот дека за убавата фигура е потребна правилна исхрана, но за да во целост го обликувате вашето тело физичката активност е неизбежна!

Мораме да признаеме како понекогаш не можеме да одлучиме дали ни е потешко да се придржуваме до квалитетна исхрана или до редовни тренинзи, но и покрај тоа што вашиот распоред е преполн со разновидни обврски, тоа не е никаков изговор за прескокнување на тренингот. За да од вашиот тренинг го извлечете најдоброто, не е на одмет да знаете неколку трикови за тој да биде поефикасен, а резултатите уште подобри.

Хидратација е нешто што често го тргаме од умот кога зборуваме за слабеење и ефикасно тренирање, но таа е доста неопходна за да не го доведеме своето тело до дехидрација.

За време на тренингот потребно е да се напиете минимум 4dcl вода во текот на еден час, а ако вашиот тренинг трае повеќе од час, водата може да ја замените со некоја форма на спортски пијалок, само водете сметка да не содржи шеќер.

Исто така, по тренингот, наградете го вашето тело со пијалок кој содржи идеално количество на јаглехидрати и протеини за да ги релаксирате вашите мускули. Понатаму, исхрана пред самиот тренинг е исто така важна, па се препорачува да се конзумира храна 2 часа пред тренинг и тоа лесни протеини и сложени јаглени хидрати, кои ќе обезбедат споро ослободување на енергија во текот на тренингот.

Сепак, многу е важно пред својот тренинг да сте одморени. Измореноста доведува до тоа да не се концентрирате на самиот тренинг, што често се рефлектира и на неправилно извршување на вежбите. Ваквиот однос најчесто е причина за бројни повреди. Затоа, водете сметка дека сте целосно посветени на вашиот тренинг. Добар ”workout buddy” е одлична идеја ако ви недостасува дисциплина и мотивација за да вашиот тренинг навистина го претворите во здрава навика, па не е на одмет да пронајдете добар партнер со кој ќе ги остварите сите свои фитнес цели!

]]>
Сите претседатели на Република Македонија https://denar.mk/203132/ekonomija/site-pretsedateli-na-republika-makedonija Sat, 20 Apr 2019 08:46:24 +0000 https://denar.mk/?p=203132 Од независноста на Република Македонија на претседателската фотелја седнаа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Киро Глигоров, прв претседател на РМ (1991-1999) Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров е роден на 3 мај […]]]>

Од независноста на Република Македонија на претседателската фотелја седнаа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

Киро Глигоров, прв претседател на РМ (1991-1999)

Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип.

За претседател на Република Македонија Глигоров беше избран на 27 јануари 1991 година од македонското Собрание, кога доби поддршка од 114 од вкупно присутните 119 пратеници, а по втор пат беше избран на првите непосредни претседателските избори одржани во октомври 1994 година.

На изборите учествуваа двајца кандидати, тогашниот актуелен претседател Киро Глигоров кој освои 52,4 отсто (715.087 гласа) од гласовите на вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список, додека неговиот против-кандидат Љубиша Георгиевски 21,6 отсто (197.109 гласа).

За време на неговиот мандат како шеф на државата се случија некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија. На референдум одржан на 8 септември 1991 година беше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите Нации.

На 3 октомври 1995 година врз претседателот Глигоров беше извршен атентат. Тој го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Досега не се откриени ни нарачателите, ниту извршителите на атентатот.

По пензионирањето Киро Глигоров е активен како публицист. Тој е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006).

Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“ што поддржува проекти од културата и уметноста.

Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 19 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Претседателот Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје.

Борис Трајковски, втор претседател на РМ (1999-2004)

Борис Трајковски, вториот претседател на Република Македонија, е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица.

Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што специјализирал деловно право и право на работни односи. Во 1997 е именуван за шеф на Кабинетот на градоначалникот на општина Кисела Вода, а во 1998-та е избран за заменик-министер за надворешни работи на Македонија.

Трајковски беше инаугуриран како втор по ред претседател на Македонија на 15-ти декември 1999 година.

Првиот круг на претседателските избори се одржа на 31 октомври, а вториот на 14 ноември 1999 година. Поради констатирани нерегуларности изборниот процес од вториот круг беше повторен на 5 декември 1999 година.

Негови противкандидати на изборите во првиот круг беа Тито Петковски, Васил Тупурковски, Муарем Неџипи, Стојан Андов и Мухамед Халили.

Во вториот круг од изборите учествуваа кандидатите Тито Петковски и Борис Трајковски. По одржаниот втор круг и по прегласувањето во одредени избирачки места, Борис Трајковски освои 53,2 отсто од гласовите (582.808 гласа), а Тито Петковски 46,8 отсто (513.614 гласа). На гласањето во вториот круг излегоа вкупно 1.096 422 избирачи или 68,08 отсто од регистрираните гласачи.

Борис Трајковски ја извршуваше функцијата претседател на Република Македонија од 15 декември 1999 до 26 февруари 2004 година, кога загина трагично во авионска несреќа заедно со осуммина соработници во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Тој имаше 47 години.

Според Уставот на Република Македонија, привремено во периодот од 26 февруари до 12 мај 2004, на чело на државата застана Љупчо Јордановски, тогашен носител на функцијата претседател на Собранието на РМ.

За време на неговиот мандат во Македонија во 2001 година имаше вооружен конфликт што заврши со потпишување на Охридскиот рамковен договор во август истата година.

На претседателот Трајковски светот гледаше како на млад лидер со прозападна ориентација, како миротворец кој избегна граѓанска војна во Македонија.

Бранко Црвенковски, трет претседател на РМ (2004-2009)

Бранко Црвенковски е третиот претседател на Република Македонија. Роден е на 12 октомври 1962 во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во 1990 година, на првите повеќе партиски избори во Македонија, која сé уште се наоѓаше во рамките на СФР Југославија, беше избран за пратеник во првиот состав на Собранието. Во април 1991 година Црвенковски беше избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. На 5 септември 1992, стана вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој беше најмладиот премиер во Европа во тој период. Вториот премиерски мандат го добил по изборите во декември 1994 година.

На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, одржани по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, во вториот круг одржан на 28 април 2004 година Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.

На третите вонредни претседателски избори во април 2004 година, Бранко Црвенковски како кандидат на СДСМ, победува и застанува на чело на државата до 2009 година.

Граѓаните во првиот изборен круг одржан на 14 април 2004 година, избираа помеѓу четворица предложени кандидати: Бранко Црвенковски од СДСМ, Гзим Острени од Демократската унија за интеграција, Зуди Џелили од Демократската партија на Албанците и Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот изборен круг одржан на 28 април 2004 година мнозинството гласови ги освои Бранко Црвенковски. Тој ја доби довербата од 550.317 гласачи, односно 62,6 отсто од вкупниот број гласови, наспроти Сашко Кедев кој беше поддржан со 329.179 гласови, односно 37,4 отсто од вкупниот број важечки гласачки ливчиња.

На 12 мај 2004 ја Црвенковски ја презема функцијата претседател и се повлече од премиерската должност и од претседателската функција во партијата.

Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата претседател на Република Македонија од 12 мај 2004 до 12 мај 2009 година.

За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија стана земја-кандидат за прием во Европската Унија.

Ѓорге Иванов, четврти претседател на РМ (2009- 2019)

Актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов е роден на 2 мај 1960 година во Валандово. Во 1995 е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје, а во 1998 за доцент на предметите Политички теории и Политичка филозофија. Од 2001 година е раководител на Политичките студии при Правниот факултет во Скопје. Во 2002 е избран за вонреден, а во 2008 и за редовен професор. Од 2004 до 2008 е продекан на Правниот факултет. Од 2008 година е претседател е на Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија.

Иванов беше избран на претседателски избори одржани на 22 март и 5 април 2009 година.

На овие избори во првиот круг учествуваа седум кандидати за претседател на државата. Покрај Ѓорге Иванов во изборната трка за претседател учествуваа и Љубомир Фрчкоски како кандидат на СДСМ, Имер Селмани од Нова демократија, Љубе Бошкоски како независен кандидат, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП и за првпат жена кандидат поддржана од ДПА, Мируше Хоџа.

Вториот изборен круг се одржа на 5 април 2009 година, Ѓорге Иванов освои 63,14 отсто, односно 453.616 од вкупниот број важечки гласачки ливчиња додека претседателскиот кандитат Љубомир Фрчкоски ја заврши изборната трка со освоени 36,86 отсто од вкупниот број гласови, односно 264.828 гласа.

На петтите по ред претседателски избори одржани во април 2014 година, претседателот Иванов како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ беше повторно избран и доби нов петгодишен мандат.

Ѓорге Иванов како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ освои 55,28 отсто, односно 534.910 од вкупниот број важечки гласачки ливчиња, додека претседателскиот кандитат на СДСМ, Стево Пендаровски 41,14 отсто од вкупниот број гласови, односно 398.076 гласа.

Во претседателската трка покрај Иванов и Пендаровски учествуваа и Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА.

Истовремено со вториот круг на претседателските избори се одржаа и предвремени парламентарни избори. За првпат на овие претседателски избори македонските државјани кои живеат или работат во странство имаа право да гласаат во странство.

Последната година од вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов, меѓу другото, ќе ја обележи непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците и на указот за ратификација на договорот со Грција, како и потпишувањето на Законот за амнестија за обвинетите во настаните во Собранието на РМ од 27 април 2017 година.

Даниела Маркоска Алексовска

]]>
Милан и Интер во војна за потписот на фудбалер на Рома https://denar.mk/203130/sportbiz/milan-i-inter-vo-vojna-za-potpisot-na-fudbaler Sat, 20 Apr 2019 08:38:24 +0000 https://denar.mk/?p=203130 Доколку сега заврши сезоната во Серија А, Милан и Интер би успеале да се пласираат во ЛШ за наредната сезона, но освен таа борба, градските ривали „војуваат“ и за потписот на фудбалерот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, италијанскиот фудбалски репрезентативец нема намера да остане кај „волчицата“, а […]]]>

Доколку сега заврши сезоната во Серија А, Милан и Интер би успеале да се пласираат во ЛШ за наредната сезона, но освен таа борба, градските ривали „војуваат“ и за потписот на фудбалерот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, италијанскиот фудбалски репрезентативец нема намера да остане кај „волчицата“, а откупната клаузула за него изнесува 30 милиони евра.

Доколку Рома успее да обезбеди учество во квалификациите за ЛШ можеби Италијанецот ќе ја промени одлуката.

Тој потекнува од школата на Рома, а две сезони играше на позајмица во Сасуоло и таму остави одличен впечаток.

За Азурите настапи на 9 меча.

]]>