20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСАД обвини уште 16 лица за корупција во ФИФА

САД обвини уште 16 лица за корупција во ФИФА

fifa 000

САД, поднесоа нови обвиненија против високи функционери на ФИФА, како дел од истрагата за корупција во Меѓународната фудбалска федерација.

Швајцарските власти, во четвртокот во Цирих, ги уапсија претседателите на КОНКАКАФ и КОНМЕБОЛ , по барање на американските власи, кои подоцна поднесоа обвиненија против 16 лица.

Меѓу обвинетите за примање на поткуп се наоѓа и поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Бразил, Рикардо Тешеира, како и челници од Хондурас, Гватемала, Ел Салвадор, Перу, Еквадор, Боливија…

Акцијата на американските и швајцарските власти трае од мај оваа година, кога без уапсени првите осумничени. Досега во истрагата за ‘перење на пари, рекетирање и примање на поткуп’, се поднесени 92 обвиненија, а се шпекулира дека во оваа корупциска афера се ‘свртени’ повеќе од 200 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП