18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов бран на апсења во ФИФА

Нов бран на апсења во ФИФА

A guard stands at the entrance of the FI

Швајцарските власти, во Цирих, утрово уапсила неколкумина функционери на ФИФА. Ова е продолжение на големата антикорупциска акција, која започна во јуни по налог на американското министерство за правда, кога беа уапсени осуммина високи функционери на Светската фудбалска организација.

Нешто пред шест часот швајцарската полиција го блокирала влезот на луксузниот хотел „Baur au Lac“. Во акцијата се уапсени неколку функционери на ФИФА, меѓу кои се Алфредо Хуит од Хондурас, претседател на КОНКАКАФ (Федерација на Северна и Средна Америка и Кариби) и Хуан Анхел Напут претседател на КОНМЕБОЛ (Федерација на Јужна Америка).

Како и во претходната акција, функционерите биле уапсени неколку часа пред почетокот на значаен состанок во седиштето на ФИФА. Полицијата акцијата ја спровела три часа пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор, на кој главна тема се реформите во ФИФА.

Новите обвиненија вклучуваат рекетирање, перење на пари и измами, потврдиле швајцарските власти.

Апсењата не се спроведуваат само во хотелот, туку полицијата бара осомничени и на други локации во Цирих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП