ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓа цената на храната

Паѓа цената на храната

Shopping cart in supermarket. Image shot 2008. Exact date unknown.

Цените на храната во светот паѓаат. Сега тие се со 9 проценти под највисоката од август 2012-та година. Овие цени, сепак се многу далеку над нивото од 2005-2006-та година, кога беа два пати пониски и кога почнаа постепено да се зголемуваат.

Тешко дека некој сериозно мисли дека е можно такво поевтинување, но тоа што денес ја загрижува Светската банка е врската помеѓу квалитетот на храната и епидемиите од преголемото дебелеење.

„Во тој контекст на високите цени ја гледаме епидемијата на прекумерната тежина. Дебелеењето продолжува да опфаќа се повеќе луѓе. Домаќинствата, особено сиромашните купуваат ефтина и калорична храна со нетолку добар квалитет се со цел да се прехранат, а таа е штетна на нивното здравје“, изјави Хозе Куеста, главениот економист на Светската банка.

Дебелеењето е феномен не само во развиените земји, туку и во Индија, Кина, Турција, Бразил и Русија. Сега 1 милијарда луѓе во светот имаат прекумерна тежина. Светската банка предупредува дека доколку не се преземат мерки за 20 години бројот на дебели луѓе ќе се зголеми двојно повеќе.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП