24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул подготвува 20 милиони за Ериксен

Ливерпул подготвува 20 милиони за Ериксен

eriksen

Според медиумите во Холандија екипата на Ливерпул подготвува сериозна понуда за големата ѕвезда на Ајакс, Кристијан Ериксен. „Црвените“ се подготвени да одвојат 20 милиони евра за 21-годишниот дански репрезентативец кој се очекува да биде еден од најголемите надежи на европскиот фудбал.

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс во лицето на Ериксен гледа совршена замена за капитенот Стивен Џерард. Роџерс исто така побарал мислење и од Луис Суарес за неговиот поранешен соиграч.

Уругваецот упатил пофални зборови на адреса на Ериксен со кои најверојатно го убедил менаџерот да тргне по потписот на данскиот плејмејкер.

Англискиот клуб има позитивно искуство од работата со Ајакс, откако од тимот од Амстердам го земаа моментално нивниот најдобар играч, Луис Суарес.

„Неодамна ги гледавме списоците со странските скаути кои ги гледале нашите натпревари. Ливерпул е еден од најредовните во испраќањето на луѓе на нашите натпревари “, откри спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП