29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрета традиционална средба на македонските дипломци од Универзитетот Шефилд(фото)

Трета традиционална средба на македонските дипломци од Универзитетот Шефилд(фото)

aae

Истакнати професори, експерти, доктори на науки, претставници од корпоративниот сектор во земјава, сите дипломци од Универзитетот Шефилд а и оние што своето знаење го стекнале на Академијата за Менаџери, се собраа на третата традиционална Alumni средба во Скопје. На средбата беше присутен и дел од образовниот кадар на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун, како и директорот на СИТИ Колеџ, г-дин Јанис Верверидис.

aaa

Годишната средба на алумни е само продолжување на она што го иницираме како практика и активен ангажман уште во текот на образовниот процес, односно инволивирање на сите расположливи ресурси во подобрување на заедницата и помаѓање за економски просперитет. Со комуникацијата, воспоставувањето на деловни врски, размена на информации и поврзување, ги надминуваме границите на обична средба. Нашите дипломци и постидипломци се комплетно посветени на оваа мисија и на секој можен начин се ангажираат на реализирање на разни цели. Тоа значи дека вредностите кои ги пренесуваме, самомотивирање и проактивност, се трајно прифатени и се реализираат токму преку овие годишни собири“, изјави директорот на СИТИ Колеџ, г-дин Јанис Верверидис.

aap

Средбата на алумни се одржа само еден ден по Церемонијата на дипломирање што ја следеше истата академска процедура како на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство. Строгото следење на традицијата, протоколите и поставената авторитетна хиерархија се основите врз кои е изградено престижното реноме на овој Универзитет. Беспрекорниот квалитет на едукативниот систем и резултатите кои студентите ги постигнуваат по стекнатото образование, единствените и иновативни едукативни методи, специфична имплементација на теоријата во пракса како и развивање на исклучителни академски и индивидуални вредности гоиздвојуваМеѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун. УниверзитетотШефилд е еден од ретките чии дипломирани студенти уживаат можности за вработување во сите земји низ Европа и целиот свет!

aab

Академија за Менаџери како административна единица на СИТИ Колеџот во Скопје, веќе три години локално имплементира образовни програми на постдипломско ниво.

aac

На  Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, досега се образувале повеќе од 900 дипломци од Македонија на додипломските, постдипломските како и постдипломските програми на извршно ниво. Моментално има околу 120 активни студенти на сите програми.

aad

aae

aah

aat

aag

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП