23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе спрема „чистка“ во Реал

Се спрема „чистка“ во Реал

Real Madrid's players swamp Sergio Ramos as they celebrate his goal

Екипата на Реал Мадрид на крајот од сезоната ја очекува сериозно реновирање на тимот. Според моменталната состојба во тимот „кралевите“ најверојатно ќе се осободат од шест фудбалери, додека на „мета“ на Реал се најдоа пет играчи.

На крајот од оваа сеозна со сигурност си заминуваат Рикардо Карваљо и голманот Антонио Адан кои ќе бидат ослободени од обврските, но тука е и Микел Есиен кој ќе се врати во Челзи по позајмицата во Мадрид.

Се шпекулира дека за одредена сума на пари редовите на Реал може да ги напуштат и Кака, Раул Албиол и еден од напаѓачите, Гонзало Игуаин или Карим Бензема.

Според информациите „кралевите“ се заинтересирани за неколку играчи кои сакаат да ги доведат во своите редови, а како најсериозни кандидатите се споменуваат Герет Бејл од Тотенхем, Иско од Малага, Даниел Карвахал од Баер Леверкузен, но и Серхио Агуеро од Манчестер Сити.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП