9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина разби нелегална банкарска мрежа

Кина разби нелегална банкарска мрежа

kina-finansiska-policija

Трансакциите на најголемата кинеска мрежа за нелегално префрлување на пари надвор од земјата изнесуваат 64 милијарди долари.

Кинеската полиција во источната провинција Зејианг ја разби најголемата кинеска мрежа за префрлување пари надвор од земјата по нелегални канали, чии трансакции се проценуваат на 410 милијарди јуани (64,24 милијарди долари).

Уапсени се речиси 100 осомничени лица од осум банди откако полицијата во септемри минатата година ја започна истрагата, објави кинеското Министерство за јавна безбедност.

Полицијата објави дека со бандите управувал човек по име Жао, кој управувал со десетици фиктивни компании во Хонгконг

Компаниите се занимавале со девизни трансакции и перење пари.

Избегнување на надзорот

Во декември 2014 година издадени се налози за апсење на 56 осомничени лица и замрзнати се повеќе од 3.000 банкарски сметки.

На полицијата и била потребна речиси една година да проучи повеќе од 1,3 милиони сомнителни трансакции, пренесува China Daily.

Еден од водичите на бандите, Јанг, изјави дека многу кинески клиенти сакале да го избегнат строгиот кинески надзор на девизните трансакции.

Благодарение на тоа, бандата заработувала повеќе од 50.000 јуани на ден.

Кинезите можат од земјата да изнесат најмногу 50.000 долари годишно.

Кинеските официјални лица, според пишувањето на The Wall Street Journal, проценуваат дека преку нелегални банки секоја година поминуваат околу 800 милијарди јуани (125 милијарди долари).

Нелиценцирани финансиски институции

Тие неформални мрежи им овозможуваат на кинеските работници во странство, кои не можат да отворат легални сметки, да испраќаат пари дома.

Кина има „се посериозен и посложен“ проблем со нелиценцираните финансиски институции, кои често се користат за перење пари стекнати со корупција, онлајн коцкање и измами, призна во септември ресорното министерство.

Полицијата од август, според податоците на Министерството затворила 37 такви нелегални банки.

Полицијата во јужната кинеска провинција Гуангдонг објави дека на почетокот на месецот открила 10 нелегални банки, одговорни за нелегални трансакции во вредност од 51,6 милијарди јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП