22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција успеа да ги убеди доверителите за заштита на заостанатите хипотеки

Грција успеа да ги убеди доверителите за заштита на заостанатите хипотеки

pre gree

Грција и претставниците на четирите институции, кои го доделија последниот заем за нашиот јужен сосед – ЕК, ММФ, ЕЦБ и Европскиот фонд за стабилизација, успеале да постигнат договор за спорните моменти од прегледот на спроведувањето на третата спасувачка програма. Ова го соопшти грчкото издание „Катимерини“.

Подоцна денеска ќе заседава и работната група на Еврогрупата, која треба да процени дали последниот договор меѓу двете страни е задоволителен и има ли потреба од дополнителни измени. Очекувањата се, ако има согласност, Атина да добие 2 милијарди евра – следната исплата од првата транша од договорот, како и 10 милијарди евра за рекапитализација на грчките банки.

Една од најконтроверзните точки во последните преговори беше заштитата на ранливите Грци со заостанатите хипотеки. Во Брисел инсистираа овој проблем да биде решен, бидејќи тој е директно поврзан со состојбата на банките.

Засега не се јасни сите детали околу постигнатата согласност. Извори на „Катимерини“ од владините кругови коментираат дека заштита ќе добијат 25% од најсиромашните корисници кои не можат да ги плаќаат своите обврски кон банките. Тие треба да се исполнат неколку услови – вредноста на имотот да не го надминува износот од 170.000 евра, а има и барања во однос на приходите – до 8.180 евра годишно за еден сопственик, или 13.917 евра за домаќинство од две лица, како и по 3.361 евра за секое дете (но до две деца).

Дополнителна заштита ќе добијат и сопственици на скапи станови, но со ниски приходи. Станува збор за имот во вредност до 230.000 ера. Така заштита можат да добијат околу 60 отсто од Грците со хипотеки. Барањата на кредиторите беа за ограничени мерки, како што се заштита од заплена и добивање на имот во вредност до 120.000 евра.

Друг контроверзен момент во преговорите меѓу Атина и „четворката“ беше и зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за приватното образование до 23 отсто. По неколку неуспешни обиди на премиерот Алексис Ципрас да ја протурка идејата, Владата одлучи да ја замени оваа мерка со наметнување на данок од 5% за хазардните игри.

Не е јасно дали овој предлог е задоволувачки за Еврогрупата, забележува уште „Катимерини“.

Очекувањата на централната власт во Атина се данокот за хазардни игри да донесе 540 милиони евра во грчката каса во идната година.

Дополнителен услов за доделување на средствата е и одобрување на предвидените реформи од грчкиот парламент. Тоа треба да се случи до четврток (19-ти ноември).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП