20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лигата ќе добие едно место во новата Евролига?

АБА лигата ќе добие едно место во новата Евролига?

aba novo logo

Регионалната, АБА кошаркарската лига, ќе добие едно место во новиот формат во Евролигата, а одлуката треба да биде потврдена најдоцна до средината на идниот месец, пренесе Б92. Покрај тоа, АБА лигата ќе добие уште едно место во квалификациите.

Од сезоната 2016/2017 во елитното кошаркарско клупско натпреварување ќе учествуваат 16 екипи. Според новиот модел од 16-те клубови, 11 би имале А лиценца (Анадолу Ефес, ЦСКА, Армани Милано, Барселона, Фенербахче, Лаборал Куча, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид и Жалгирис), три клубови учесници би биле шампиони на своите држави, а преостанатите два ќе бидат победникот на Еврокупот и победникот на квалификацискиот турнир.

Неофицијално, покрај шампионот во АБА лигата, учество во Евролигата би обезбедил и шампионот на Германија, а за третото место во конкуренција сега се шампионот на Франција, првакот на Полска и победникот во регионалната ВТБ лига.

Претседателот на Евролигата, Џорди Бартомеу, во вторникот на преставниците на 11 клубови им го престави планот, кој е пандан на понудата на ФИБА, по што клубовите решија да останат во Евролигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП