ПочетнаИНТЕРЕСНОМакаби го отпушти Гај Гудес

Макаби го отпушти Гај Гудес

guy goodes

Тренерот на кошаркарите на Макаби, Гај Гудес, доби отказ поради лошите резултати кои „Гордоста на Израел“ ги бележи од почетокот на сезоната.

Гудес добил отказ во неделата, веднаш по поразот на Макаби во домашното првенство од Ашдод (83:88).

До именување на нов тренер екипата ќе ја предводат помошниците на Гудес, Ави Евен и Рафи Богатин. Според израелските медиуми, актуелниот селектор на Италија, Симоне Пјаниџани, ќе биде новиот тренер на Макаби.

Гудес во јуни минатата година, веднаш по освојувањето на тиутлата во Евролигата и заминувањето на Дејвид Блат во Кливленд, беше именуван за тренер на Макаби.

Макаби по четири одиграни натпревари во Евролигата има скор од една победа и три пораза.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП